УЦЕНА :Скопјанец се заканувал дека ќе му го расклопи автомобилот ако не му дадат 2.000 евра

  • May 10, 2018
  • Коментари

Скопската полиција поднесе кривична пријава против 38-годишниот В.П. од Скопје поради кривичните дела тешка кражба и изнуда.

Тој најпрво од Партизанска украл автомобил „пасат“ кој му припаѓал на 50-годишен маж од Скопје, а потоа му се заканувал дека ќе го расклопи возилото на делови ако не му даде 2.000 евра.

Уценетиот со пријател отишол да се сретне со уценувачот, му ги дал парите, а уценувачот возилото му го донел подоцна кај слаткарница во Стопански Двор.

Претходно «
Следно »