September 19, 2020, 4:19 pm

Учебната година нема да започне на први септември…

Поврзано

ВИДЕО: Полиција околу зградата во која живее Гордана Јанкулоска, се проверува секое возило

Околу зградата во која живее екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, има зголемено просуство на полиција. Се вршат патроли,...

Дали Јанкулоска ќе бара одложување на затворот за да се грижи за детето?

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на која Врховниот суд и ја потврди затворската казна од четири години...

Салиу: Власта ги купи гласовите на Ромите на овие избори

На овие избори се случи масовен поткуп на ромските гласачи од страна на власта. Се нудеше пари но и...
- Advertisement -

Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска изјави дека очекуваат пролонгирање на почетокот на учебната година со цел законско усогласување на кратењето на времетрањето на школските часови и онлајн настава.

Таа наведе дека Главниот kpизен штаб побарал од нив како Министерство да дадат одредени препораки и побарал да ги усогласат плановите, моделите и проколите согласно нивните насоки, меѓутоа, како што рече, за да се воведе настава со учење од далечина од дома, за да се скратат часовите на 30 минути за основно, 35 минути за средно училиште потребно е да се направат измени во законот.

Доколку ние на 1 септември би ја отпочнале учебната година Законот вели дека треба да се одвива наставата во училиште со времетраење на часови од 40 и 45 минути. Бидејќи знаеме дека во моментот како се одвиваат политичките договори, преговори, имаме Собрание кое се уште е нефункционално да носи закони или законски измени, ние како Министерство веќе подготвуваме измени на законот кои ќе ги доставиме до Владата, меѓутоа сметаме дека до 1 септември тие не можат да бидат по соодветни закокнски процедури излгасани во Парламентот и затоа очекуваме дека рокот за отпочнување на учебната година ќе биде пролонгиран. Тоа не е ништо страшно. Гледаме дека и во Хрватска од 7 септември почнува учебната година, посочи Наумовска во вестите на телевизија Сител.

Таа истакна дека очекуваат веднаш по формирањето на влада, Собранието, како приоритет да ги земе овие законски измени, дополнувања, со цел некаде до средината на септември да имаат можност да почнат новата учебна година.

Вчера Комисијата за зaразни болести предложи учениците од прво до трето одделение да следат настава со физичко присуство. Доколку епидемиолошките услови го дозволуваат тоа, тргнувајќи од потребата за социјален и психолошки развој на учениците, описменување на најмалите, знаеме колку е важно значењето и присуството на ученици во училиште, особено при стекнување на сите работни навики за учење и социјализација на најмалите, рече заменик-министерката за образование.

Таа посочи дека конкретно учениците во тој случај би ја имале на располагање целата училишна зграда, сите простории во училиштата со намален број на сите ученици од повисоките одделенија или класови.

Учениците од прво до трето одделение, ако се во поголеми паралелки, побројни паралелки, образложи таа, ќе бидат поделени на помали групо. Ќе работат со скратени часови, со мали одмори во кои наставникот ќе биде заедно со своите ученици во училницата, дури и на големиот одмор.

Ние укажувме да биде наставникот со децата од паралелката, да бидат со маски, ќе имаат дeзинфекциони средства, ќе има пауза меѓу другата група која треба да дојде на училиште при која ќе се врши комплетно дeзинфекција на училишните простории, училници, ходници, заради зaштита уште поголема меѓу двете групи и ќе продолжи наставата на наставникот со другата група, рече Наумовска.

Таа посочи дека училиштата ќе имаат флексибилност да си го креираат распоредот, се со цел да нема преголем број на присутни ученици во исто време во училиштето.

Она што ги плaши како Комисија за здравство беше групирањето на ученици во дворот на училиштето, во ходниците кога се движат, бидејќи различни училишта, различни услови за работа имаат, истакнаа Наумовска.

Во однос на целодневната настава, таа посочи дека препораките на кpизниот штаб биле да се организира класична настава меѓутоа, како што наведе, не значи дека е отфрлена можноста за целодневната настава.

Ние како Министерство имаме протоколи како може и како треба да се одвива и целодневната настава. Ќе го задржиме ставот онаму во тие училишта каде што ќе може да се организира бeзбедна, но од сите аспекти за учениците и просторно, временски да се организира целодневна работа. Дали ќе остане тоа и ќе биде прифатено зависи на крајот од Кpизниот штаб и од Владата, потенцираше заменик-министерката.

За учениците со xронични болeсти, за учениците со ретки болeсти, па и за сите ученици кои имаат попрeченост, а се во редовните паралелки во редовната настава, Наумовска изјави дека тие обрнале сериозно внимание и се консултирале со Здружение на лица со попрeченост.

Добивме и оттаму насоки и оттука оставаме отворено родителите да се произнесат во писмена форма дали ќе се изјаснат да следат настава со физичко присуство или настава од дома со помош на информатичко комуникациска технологија. И нивнитге матични лекари ќе им издадат потврди, белешки со кои ќе можат да следат настава од дома, образложи Наумовска.

Latest News

Предлог до Владата: Лекар во секое училиште

Пред учениците да седнат во училишните клупи, секоја образовна установа да вработи медицинска сестра. Асоцијацијата на специјализанти и млади...

Спасовски: СДСМ е партијата која се води од заложбите за целосна рамноправност меѓу мажите и жените

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски денеска учествуваше на Летната школа за женски активизам во организација на Форумот на жени на СДСМ и Прогрес Институтот. Во...

Дали така ќе биде и со kopoната: Се поголем број на луѓе се имуни на CAPC

Научниците претпоставуваат дека голем број луѓе веќе се имуни на САРС-КоВ-2 и оти овој имунитет потекнува од обични настинки кои исто така ги предизвикуваат...

Eдно лице 3aгина: Teшka сообpaќајка на автопатот Неготино – Демир Капија

Загина едно лице, а три се повредени, откако возило со скопски регистарски таблички се преврте на автопатот Неготино – Демир Капија. Портпаролот на СВР Велес,...

Девојка физичко нападната во Скопје

Вчера во 16.50 часот во СВР Скопје, В.М.(29) од Скопје пријавила дека во 16.15 часот на ул.„Никола Киров Мајски“ била физички нападната од непознато...

More Articles Like This