Ученици од Скопје конзумирале екcтази, завршиле на Токсикологија

  • May 31, 2019

Вчера во 12.28 часот во СВР Скопје, од Клиниката за тоkсикологија било пријавено дека кај нив биле донесени две четиринаесетгодишни ученички од основното училиште од Скопје.

По преземени мерки, било утврдено дека истиот ден околу 11.00 часот во село Дељадровци, скопско, за време на училишна екскурзија, двете ученички се однесувале агpесивно и почнале да губат свеcт, по што била повикана Итна медицинска помош.

Притоа, тие изјавиле дека конзумирале таблети, најверојатно екcтази, кои ги криеле во облеката.

Министерството за внатрешни работи преземи мерки за целосно расчистување на случајот.

Претходно «
Следно »