October 20, 2021, 9:09 pm

Уште еден градоначалник на СДСМ по „рецептот“ на Максим: Господ ме создал да мислам со своја глава, да не бидам партиски послушник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако премиерот Зоран Заев како лидер на СДСМ порача дека секој кој ќе поднесе независна кандидатура на градоначалник ќе биде исклучен од партијата, градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачевски, кој е еден од досегашните градоначалници на СДСМ кои решија да се кандидираат како независни, му порача:

Тоа е, кога ти е таква кармата. После толку многу битки кои сум ги имал во животот, пак почнувам од почеток. Господ ме создал со една голема мана, да бидам непослушен, да мислам со своја глава, оти си милувам да си бидам слободен, а не нечиј партиски или друг послушник.

И сè можете да ми одземете, само слободата на умот не. Некои велат со глава ѕид не се уриват, а јас велам со слободоумна глава светот се менува. И што мислите, ако не беа слободоумни граѓаните на Дебрца, што ќе беше денеска Дебрца? Ќе беше нечиј ѓубралник. И што велите сега, се исплати слободоумноста!?

И по толку години борба пак во ушите како камбана ми одѕвонуваат зборовите на Никола Младенов: Ние сакаме да изградиме општество на слободоумни граѓани, а тие сакаат збирштина од безрбетници. Тука нема компромис.

Latest News

Чеда Јовановиќ е дојден во Македонија да му помогне на СДСМ за втор круг

Александар Митовски од Инфомакс во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце, зборувајќи за изборите, истакна дека...

More Articles Like This