УШТЕ ЕДЕН МИЛИОНСКИ СКАНДАЛ: ЈСП со милионски тендери – две фирми, иста адреса, ист сопственик!

Поврзано

Повторно висок број новопримени во Скопје: Дневна состојба во Koвид-центрите

Во Скопје се хоспитализирани 39 нови пациенти со компликации од коронавирусот, со што бројката сега изнесува 323 лица кои...

Aдeми: Mнозинcтвото има koнзистентнocт и вo нaшитe cтaвoви и вo пoлитичкoто дeлyвaњe

Со вчерашното гласање на доверба на Владата се расчистија дилемите наметнати од опозицијата за нестабилно владејачко мозинство, изјави денеска...

(Видео) Стоилковски: Дaли зaд милиoнcкитe тeндepи вo здpaвcтвo нa Кубис Meдикал ce кpиe Cинepџи нa Горан Филипов?

Венко Филипче трет ден молчи за милионските набавки на Кубис Медикал, на кои што им потпишува милионски тендери, додека...
- Advertisement -

Милионски тендери Јавното сообраќајно претпријатие Скопје доделило на две фирми со ист сопственик, сместени на иста локација, регистрирани скоро еден месец пред да бидат објавени огласите. Првиот е за консултантски услуги, вреден околу 130.000 евра, со фирмата Плус Смарт Консалтинг од Скопје

За оваа постапка ЈСП распишало јавен повик, на 24 јули годинава, на истиот се пријавила фирмата, која според податоците на Централен регистар е формирана на 20 јуни, односно месец и 4 дена пред да биде распишан огласот вреден 130.000 евра. Фирмата е сместена на улица Димо Хаџи Димов во Скопје,а сопственик и управител е исто лице. Од документите на централен регистар, истото лице една недела откако ја основал Плус Смарт Консалтинг, основал уште една фирма, на иста локација станува збор за Идкардс, фирмата е основана на 27 јуни годинава.

Тоа што исто лице основало две фирми на иста локација не е спорно, но случајно или не Идкард склучила договор во 4 очи со ЈСП за набавка на 40.000 електронски картички, по цена од 120 денари за картичка без ддв. Според документите, понудата за продажба на електронски картички Идкард ја испратиле до ЈСП на 13 јули 2018 само 16 дена откако фирмата била основана и добила бизнис вреден 78.000 евра. А

Алфа денеска не можеше да добие одговор од ЈСП, за двете бизнис зделки кои претпријатието ги склучило минатиот месец. За какви консултантски услуги се работи што чинат 130.000 евра, а фирмата треба да ги заврши за една недела и зошто во 4 очи е избрана фирма за набавка на картички за возење по поскапа цена за 20%.

Катерина Гетева
АлфаТВ

Latest News

„Цpвeн aлapм зa нaшaтa плaнeтa“: Нajнoвиoт извeштaj нa OH пpeдyпpeдyвa нa нeдocтaтoк нa глoбaлнa aмбициja зa cпpaвyвaњe co климaтcкaтa kpизa

До крајот на 2020 година, земјите требаше да достават ажурирани и поамбициозни национално утврдени придонеси (НДЦ) за справување со...

More Articles Like This