УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ОПШТИНА АЕРОДРОМ: Златко Марин дели по 10.000 денари дневно, за предавања кои ги одржуваат луѓе блиски до власта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На последната седница на советот од страна на СДСМ е изгласана одлука за финансирање на предавања од Институтот „Европа за тебе“, кои предавања ќе чинат 160.000 денари, пари на аеродромци, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Она што е интересно е дека меѓу предавачите се Татјана Стојаноска Иванова, сопруга на Мишко Иванов, новинар, жесок критичар на ВМРО-ДПМНЕ и поддржувач на СДСМ, како и Дејан Мицковиќ, кој во времето на Владо Буџковски беше повереник на Владата на Република Македонија во Македонски Телеком, позади кого стојат низа скандали.

 

„Како да не им се доволни 160.000 денари, па Златко Марин одлучи да им одобри на предавачите да ги користат просториите на основните училишта во Аеродром за остварување на лична корист.
Дали на овој начин СДСМ и Златко Марин ги наградуваат своите поддржувачи, а истовремено критичари на ВМРО-ДПМНЕ?

Јавноста мора да знае како работи СДСМ, како ги троши парите на граѓаните на Аеродром.
Во наредниот период ОК Аеродром на ВМРО-ДПМНЕ континуирано ќе објавува низа на скандали на Златко Марин и општина Аеродром, се со цел јавноста да биде целосно запознаена со криминалното работење на градоначалникот Марин.“ – пишуваат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Аеродром на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This