УШТЕ ЕДЕН CKAHДАЛ ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА PAЗУHABAЊЕ: Претставник на АР во Брисел пoвлeчeн во Македонија поради aгpecивно однесување

Поврзано

ФИЛИПЧЕ СО ЗАКАНИ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Или ќе продолжиме да го враќаме животот во нормала почитувајќи ги безусловно мерките или ќе се враќаме назад кон...

Од почетокот на кризата со коронавирусот, на секој јавен настап повторувам една работа – вирусот ќе го победиме со...

РИСТЕСКИ РАСПАЛИ ПО ШЕКЕРИНСКА: Радо, ти си срам и мизерија за Македонија и својот народ,

Без ни малку срам ја разрешивте Рашела Мизрахи за прес-конференција пред табла на која пишува “Република Македонија”….Сега многу ме...

ПАНИКА ВО КИЧЕВО: Граѓаните се сомневаат дека се крие вистинската бројка на заразени со Ковид-19

Како што од ден на ден се зголемува бројот на новозарезени лица со Ковид-19 во државава, така расте стравот...

Претставникот на Агенцијата за разузнавање во рамки на Постојаната Мисија на Македонија во ЕУ со седиште во Брисел e повлечен после само една година од својот дипломатски мандат.

Повлекувањето, според дипломатски извори следува откако дел од земјите чии дипломатите имале контакти со претставникот на АР се пожалиле на неговиот агресивен пристап при средбите кои ги имале со него на билатерални или мултилатерални настани. Иако директорот Ерол Муслиу силно застанал при именувањето на овој претставник во Брисел и по првите реакции сеуште го бранел, сепак набргу потоа уследил уште еден скандал кој ја прелил чашата. Претставникот на АР бил уапсен од белгиската полиција заедно со уште еден свој колега дојден од Скопје поради панично и сомнително однесување по белгиските улици.

Што навистина се случило?

Двајцата биле присутни на настан организиран од НАТО поврзан со руското влијание во Европа и на Балканот. Откако ја одржале својата презентација кај нив настапила параноја дека се следени од група агенти на руските служби. Во оваа малку трагикомична ситуација двајцата започнале да ги уништуваат службените документи и презентацијата во хотелот во кој престојувале, а кој се наоѓал во непосредна близина на седиштето на НАТО. Откако дел од документите ги пуштиле во тоалетната школка во хотелската соба и ја заглавиле целата канализација на хотелот, со другите документи излегле на улица и започнале со нивно кинење и фрлање по кантите за отпадоци. Ова нивно однесување по улица во непосредна близина на седиштето на НАТО веднаш било забележано од видео камерите за јавен надзор на бриселската полиција по што по нив биле упатени полицајци во цивил. Откако забележале дека биле следени, ама овојпат вистински, но од белгиски полицајци во цивил, нивната параноја уште толку се зголемила па влегле во познат синџир на продавници за спортска облека. Со своето однесување во тоалетот, повторно го заглавиле одводот поради фрлање документи во веце школката, веднаш го кренале вниманието на вработените во продавницата и обезбедувањето. Полицијата веќе била повикана и бидејќи биле во нивна непосредна близина поради претходното однесување веднаш биле задржани и упатени кон полициска станица. Тука почнале да се објаснуваат кои се всушност, за што се дојдени, каде се сместени и слично. Кога биле вратени во хотел да ја покажат поканата дека се на НАТО настан, белгиската полиција ги пуштила но за настанот официјално го известила НАТО и македонската амбасада во Брисел.

Иако за скандалот Муслиу најпрво жестоко го бранел претставникот, сепак после реакциите за неговото однесување од страна на земјите чии дипломатски претставници се жалеле од однесувањето на претставникот на АР, решава да го повлече дури во октомври иако скандалите биле во низа уште на почетокот на летото.

Останува нејасно зошто Претседателот, Владата МНР и директорот на АР се обидуваат да забошотат трет по низа скандал во македонските дипломатски мисии во Брисел откако со албански знамиња се сликаше претставникот на СЕП во НАТО, а во комбето на мисијата во ЕУ шоферот на амбасадата беше жив фатен со поставена опрема за снимање на разговори на сите што се возат во ова возило.

Актуелно

ФАЛБАТА Е ‘РЃА: Ако место да работи Филипче продолжи да шета по ПР агенции, бројките не можат да бидат поразлични од денешните

Не може да очекуваме подобри резултати во однос на справувањето со корона вирусот, ако министерот за здравство Венко Филипче,...

НИКОЛОСКИ: Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори

Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори, нагласува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој...

НИКОЛОСКИ: Кога на Заев му се рyши планот за брзи избори виновни му се граѓаните, во суштина Заев е виновен

Денеска кога на Заев му се руши планот за брзи избори по цена на човечки животи, виновни му се граѓаните а во сушнина Заев...

НИКОЛОСКИ: Македонија е прва во регионот по број на пoчинaти и зapазени, а на дното по број на тестови на милион жители

Споредено со регионот, Македонија е на врвот на листата по број на пoчинати и на зaразени лица на милион жители, но сме дното на...

КАСАМИ ОПАСНОСТ ЗА ЛИДЕРИТЕ: Без маска и ракавици, на иста маса со половина Свиларе

Претседателот на тетовското крило на БЕСА Билал Касами и коалиционен партнер на СДСМ и Зоран Заев, денес, спротивно на сите протоколи за заштите од...

Повеќе вести