December 4, 2020, 3:17 pm

Уште една пpичина за КАФЕ – пpeвенција од Пapkинсонова boлecт

Поврзано

Лепа Брена ја губи косата, фотографирана без перика

Kako што неодамна пишуваа медиумите во Србија, Лепа Брена полека останува без коса, па во последно време не ја...

Антиkoвид чевли и чизми за држење дистанца

Две лица во неговите чевли, свртени лице в лице, оддалечени се речиси два метра. Чевлар од Романија, кој во текот...

Цеца Ражнатовиќ ова парче го облече двапати и тоа во иста емисија

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ двапати досега гостуваше во емисијата „Хит-твит“. Првпат на 10 мај 2020 година, а вторпат на 29 номеври. Завреме на...
- Advertisement -

,,Дури и кај луѓето со генетска предиспозиција за Паркинсон, пиењето кафе се поврзува со намален ризик од развивање на оваа болест.”

Ова се вели во една неодамна објавена студија во престижното списание Neurology. Според истражувачите, добиените резултати се особено охрабрувачки и ќе поттикнат повеќе идни испитувања на кофеинот и терапиите на база на кофеин во однос на намалување на ризикот од Паркинсоновата болест, дури и кај луѓето со генетска предиспозиција за неа.

Дополнително, можно е кофеинските нивоа во крвта да се користат и како еден вид биомаркер за идентификување на тоа кои луѓе со генетска предиспозиција ќе развијат Паркинсон. Во продолжение повеќе на оваа тема.

Што е Паркинсонова болест?
Паркинсоновата болест е прогресивно невродегенеративно заболување кое примарно влијае на моториката, односно на способноста за движење на пациентите. Често започнува со мал потрес на раката или вкочанетост на мускулите, па потоа постепено се влошува. Според статистиката, во поголем ризик од Паркинсон се мажите, посебно над 50 годишна возраст.

За жал, не постои конкретен тест за нејзино утврдување, па неретко погрешно се дијагностицира.

Што ја предизвикува болеста?
Телото користи допамин при контролирање на движењата, а оваа болест всушност се јавува како резултат на нарушувањето на невроните кои го произведуваат допаминот. Потребни се поголем број на истражувања за целосно да се потврдат овие тврдења, но и да се утврдат точните причинители за нарушувањето и изумирањето токму на споменатите неврони.

За жал, не постои лек за Паркинсонова болест, но можни се ублажувања на симптомите преку користење лекови кои стимулираат создавање допамин.

Уште една причина зошто пиењето кафе може да биде добра навика
Некои претходни студии исто така наоѓаат позитивна релација помеѓу консумирањето кафе и намалениот ризик од Паркинсоновото заболување. Сепак, тие биле спроведувани на испитаници без генетска предиспозиција за заболувањето.

Споменатото ново истражување се осврнува и на оние кои имаат некаква генетски детерминирана склоност кон Паркинсон. Поточно, истражувањето се фокусира на мутацијата во специфичниот ген наречен LRRK2 што се јавува кај овие луѓе.

Мутацијата на овој ген не нужно значи развивање на Паркинсонова болест, па истражувачите вршеле евалуација и на другите можни фактори кои ќе ,,одлучат” дали ќе дојде до развивање на болеста.

Нешто повеќе околу студијата
Истражувањето споредувало 188 луѓе кои имаат Паркинсонова болест, со 180 кои немаат. Во двете групи имало повеќе поединци со мутација на споменатиот LRRK2 ген.

Истражувачите ги следеле кофеинските нивоа во крвта (како и нивото на останатите хемикалии кои се продуцираат со метаболизирањето на кофеинот во телото) и нивното варирање со текот на времето, помеѓу испитаниците од двете групи. Пополнувани биле и специјално дизајнирани прашалници во однос на тоа колкав е кофеински внес на волонтерите во текот на денот.

Заклучоците во кратки црти

Помеѓу испитаниците со мутација во LRRK2 генот, оние со Паркинсонова болест во просек имале значително помала концентрација на кофеин во крвта, во однос на оние кај кои не била дијагностицирана болеста. Кај луѓето пак, кои имале Паркинсон, но не и мутација во споменатиот ген, иако во помал обем, исто така биле утврдени пониски концентрации на кофеин во крвта, во споредба со оние кои ја немале болеста.

Сепак, важно е да се каже дека изведените заклучоци од оваа студија укажуваа на одредена позитивна релација помеѓу повисоките нивоа на кофеин во крвта и помалиот ризик од развој на Паркинсон (и тоа на пократок рок), а не причинско-последична релација. Причините би требало да бидат предмет на истражување на некои наредни истражувања.

Во една од претходните статии заклучивме дека практикувањето на здравата исхрана може да ги намали симптомите кои ѝ претходат на Паркинсоновата болест, а од претходно наведеното можеме да заклучиме дека и пиењето кафе е добра опција во превенцијата од ова навистина често и проблематично заболување.

Извор:

Association of caffeine and related analytes with resistance to Parkinson’s disease among LRRK2 mutation carriers: A metabolomics study; by Grace F. Crotty, Romeo Maciuca, Eric A. Macklin, Junhua Wang, Manuel Montalban, Sonnet S. Davis, Jamal I. Alkabsh, Rachit Bakshi, Xiquen Chen, Alberto Ascherio, Giuseppe Astarita, Sarah Huntwork-Rodriguez, Michael A. Schwarzschild, first published September 30, 2020

Latest News

Бучкoвcки оди да пpeговара во Бугарија нapeдната нeдeлa

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната пре-конференција откри дека наскоро специјалниот претставник Владимир Бучковски ќе започне да...

Кој лaже: Бугарските медиуми со дeтaли за преговорите во историската Комисија

Нема напредок во решавање на спорот со Македонија. Втор ден работатата на мешовитата мултудисциплинарна комисија за историски и образовни прашања, создадена за исполнување на...

И денеска се преговара за Дeлчeв

Мешовита комисија за историски прашања, се обидува да ги приближи ставовите кои бројните политички изјави ги оддалечија. Но, и покрај најавеното вето од бугарска...

Ристовски: Heмало пekoлен плaн зa “27 aпpил”

На денешното судење за наводните организатори на 27 април, обвинетиот Спиро Ристовски презентира видео снимки од протестите "За заедничка Македонија". Во судница се слушаат говорите...

(Видео) ЕBH ја дoби нагpaдата „ЗЛАТЕН KPAДЕЦ“

Денес, пред зградата на ЕВН, здружението против поскапувањето на цената на струјата „Доста веќе“ ја додели наградата на ЕВН, „Златен крадец“, за, како што...

More Articles Like This