Уште една пpecyда пpoтив Гугл поради лaжнo информирање на корисниците за прибирање на податоци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австралискиот сојузен суд утврди дека „Гугл“ ги довел во заблуда корисниците со информациите за употреба на личните податоци собрани преку андроид-мобилни уреди, објави денеска регулаторот за заштита на пазарната конкуренција.

Судот заклучил дека „Гугл“ погрешно тврдел оти може да собира само информации од историјата на локациите во периодот меѓу јануари 2017 до декември 2018 година, соопшти регулаторното тело ACCC.

Собирањето, складирањето и користењето на податоците било овозможено и преку опција за контрола на активностите на интернет и во апликациите кога таа е вклучена, а на уредите била вклучена автоматски, според ACCC.

Корисниците не биле известени дека исклучувањето на историјата на локациите, додека е овозможена опцијата Web & App Activity, му овозможува на „Гугл“ и натаму да продолжи да собира податоци, утврдил судот.

Регулаторот посочил дека ќе бара казна за „Гугл“, но не ја прецизирал сумата.

Портпаролката на „Гугл“ изјавила дека размислуваат за правни лекови за пресудата, вклучително и жалба.

Технолошкиот гигант водеше правна битка во Австралија во последните месеци и во врска со владиниот закон според кој „Гугл“ и „Фејсбук“ треба да им плаќаат на медиумските компании за содржината објавена на нивните платформи, потсетува „Ројтерс“.

Latest News

Мaпa нa aктивни пoжapи вo Мaкeдoниja: Ce бapa kpизнa cocтojбa вo дpжaвaтa, cитyaциjaтa e aлapмaнтнa

Пожарите не стивнуваат. Во нивното локализирање и гасење се ангажирани сите расположливи капацитети – на локалните самоуправи, Центарот за...

More Articles Like This