УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА: Се забил во камион и загинал на лице место на патот Гевгелија-Миравци!

  • November 30, 2016
  • Коментари

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера околу 15 часот се случи на регионалниот пат Гевгелија-Миравци, во близина на село Милетково.

soobrakajka-2

-М.К.(42) од с.Прдејци-Гевгелија, управувајќи „Фиат Темпра“ со велешки регистарски ознаки изгубил контрола и удрил во товарно возило „Мерцедес“ со полуприколка „Шмитц“ управувано од О.К.(39) од Гевгелија. Во незгодата М.К. починал на лице место, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош,информираат од полицијата.

Увид на местото на несреќата извршила полициска екипа од ПС Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

За време на увидот од 15 до 18 часот сообраќајот бил во прекин, а бил пренасочен кон магистралниот пат М1 клучка „Удово“.

Претходно «
Следно »