УШТЕ НЕМА УЧЕБНИЦИ ЗА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА: Се корегираат грешките

  • August 31, 2018
  • Коментари

Поради корекции на грешките и исправки на нелогичности од страна на Министерството за образование и наука, се уште не се подготвени бесплатните учебници за средно образование, иако училишната година започнува в понеделник на 3 септември.

Договорите со издавачките куќи кои треба да ги достават учебниците низ средните училишта се финализирани пред две недели, односно на две и пол недели пред почетокот на училишната сезона 2018/2019 преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас.

Претходно «
Следно »