УШТЕ СЕ ДОГОВАРААТ ДЕТАЛИТЕ ЗА ЗАКОНИТЕ: Пратениците се уште работат на деталите на законските измени договорени на лидерската средба

  • July 24, 2018

Работните групи на парламентарните партии и денеска работат на отстранување на несогласувањата што се појавија при синоќешната примена на договореното од лидерската средба.

Координаторите на пратенички групи за МИА потврдија дека уште синоќа бил усогласен Законот за Влада во делот на техничката влада и дека на него веќе има потписи од сите на пратенички групи, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ. Според извори во владејачките партии, проблем настанал кога требало да се имплемнтира договореното за финансирање на политичките партии и кога освен во Законот за финансирање на политичките партии, опозицијата побарала измена во членот 165 од Кривичниот законик.

– Ние немаме мандат за менување на Кривичниот законик, велат од владејачките партии. Нагласуваат, исто така, дека премиерот Зоран Заев е дециден дека нема да дозволи никаква амнестија ниту директна ниту индиректна.

Извори од пратеничките групи, сепак, се оптимисти дека договор ќе биде постигнат и оти до сабота би можело да се изгласа договореното на лидерската средба вклучивајќи ја и ДИК.

Во спротивно, од СДСМ и ДУИ нагласуваат дека останува отворена опцијата да го изгласаат составот на ДИК со 61 глас според преложените измени на Изборниот законик, кои се уште не се повлечени, односно без опозиција, опција која велат дека на ја посакуваат имајќи го предвид историскиот момент за Македонија.

За официјални ставови за тоа зошто иако најавени, синоќа Собранието не ги усвои догворените закони и не избра членови на ДИК, сите пратенички групи упатуваат на партиските штабови каде веќе се закажани прес-конференции.

Претходно «
Следно »