УШТЕ ТРАЕ БОPБАТА СО ПОЖАPОТ КАЈ СКОПСКА ЦРНА ГОРА: Ангажирани авиони на ДЗС

  • March 19, 2019

Гаcнењето на пожарот, што вчера избувна кај Скопска Црна Гора продолжува и денеска. Екипите на противпожарната бригада на Град Скопје се на терен цела ноќ, а од раните утрински часови ангажирани се и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Гори ниска мешана шума на околу 1.400 метри надморска височина.

Командант на противпожарна бригада на Град Скопје Владимир Симоновски, за МИА изјави дека пожарот кој е активен од вчера во 13:15 часот речиси е изгснат, останува уште непристапниот дел за кој утринава се ангажирани воздухопловите на ДЗС.

Од Центарот за управување со кризи, синоќа информираа дека, екипи на БППЕ на Град Скопје интервенираат на гаснење на пожарот на Скопска Црна Гора, во местото викано Влајингроб, но поради ветрот и непристапниот терен гаснењето е отежнато.

-Пожарот се шири кон селата Никуштак, Виштица и Матејче во горниот дел од планинскиот превој. Гори сува трева и мешана шума, информираат од ЦУК.

Пожарот избувна на местото Црн камен, на потегот Липково, Скопска Црна Гора и селото Матејче. (МИА)

Претходно «
Следно »