May 16, 2021, 10:47 am

Уштe oвa фaлeшe..: Cyпepзapaзниoт индиcки вид кopoнaвиpyc пpиcтигнa вo Европа

Поврзано

- Advertisement -

Варијантата на Ковид-19, која е широко распространета во Индија, е откриена во Белгија кај група индиски студенти кои пристигнале од Париз, објавија белгиските власти.

Неколку експерти сугерираат дека тие можеби биле жртви на суперзаразен член на нивната група или друг патник во автобусот, кој ги донел од Париз во Белгија, пишува „Гардијан“.

„Овие студенти ја почитуваа строгата изолација од нивното пристигнување. Од 43 студенти, 20 се заразени со индиската варијанта“, твитна микробиологот Емануел Андре од Католичкиот универзитет во Левен.

Групата слета во Париз на 12 април.

Неколку студенти почнаа да имаат симптоми на вирус пет дена подоцна, рече вирологот Марк ван Ранст. Варијантата Б.1.617 веќе се појави на други места, вклучувајќи ги САД, Австралија, Израел и Сингапур, наведува „Гардијан“.

Во Индија секој ден се регистрираат повеќе од 300.000 нови случаи на заболување и има илјадници починати. Болниците се полни, нема кислород, нема медицински персонал, а крематориумите работат нонстоп.

Latest News

He им дoaѓa пaмeт: Зaтвopeн yгocтитeлcки oбjeкт вo Дебар пopaди нeпoчитyвaњe нa мepкитe, coпcтвeникoт e пpивeдeн

Еден угостителски објект во Дебар е затворен со пломба, а сопственикот лишен од слобода откако во контрола што била...

More Articles Like This