ФАЛБАТА Е ‘РЃА: Ако место да работи Филипче продолжи да шета по ПР агенции, бројките не можат да бидат поразлични од денешните

Поврзано

Колку поголема излезност, толку помала е можноста на Заев и неговата бaндa да ги полни кутиите

Универзитетската професорка Тања Каракамишева во емисијата „Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија истакна дека гласот на граѓаните мора...

(Видео) Тие сакаат луѓе со cвиткaнa кичмa, а ние сакаме горди македонци

За да ја зачуваме Македонија и да може да ја обновиме во темелите во кои е удрена, потребно е...

За да им се стави крај на кpиминaлoт, кopyпцијaтa, нeпрaвдитe и пoнижyвaњaта, мора да се стави крај на владеењето на Заев

Изборите на 15 јули ќе бидат денот кога народот ќе ги казни поразите, криминалот и корупцијата на Зоран Заев....

Не може да очекуваме подобри резултати во однос на справувањето со корона вирусот, ако министерот за здравство Венко Филипче, место да ја рабори работата за која што е избран продолжи да шета по познати ПР куќи во Скопје, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Во емисијата „360 степени“, тој истакна дека се додека активистите и високите функционери на СДСМ, кои воедно и ја водат државата, се насочено кон пакување и делење на пакети со единствена цел за поткуп на најранливите категории, не може да учекуваме намалување на бројот на нови заразени лица од корона вирусот во Македонија.


-Ако продолжи овој ПР, несериозен пристап ќе имаме уште поголеми бројки. Ако работниот ден на Венко Филипче започнува со посета, двочасовна, на една позната ПР куќа во Скопје, а после тоа кратко состанок со комисијата на која што се стимаат прес конференциите како што им одговара, па одиш на прес конференција, па одиш на уште пет сликања и му завршува работниот ден, апсолутно не може да имаме бројки различни од овие. Ако активностите на врвните луѓе на СДСМ се насочени кон тоа, како повеќе пакети да спакуваат и да ги поделат за поткуп на ранливите групи во ова држава, кои што за жал ги злоупотребуваат, тогаш нема да имаме бројки различни од овие, рече Николоски.

Николоски смета дека ако има посветеност и работа и јасно лоцирање на проблеми, тогаш повеќе од сигурно е дека ќе има резултати во справувањето со здравствената но и економската криза која ја зафати државата.

Тој истакна дека, тоа што Владата не успеа да се избори со вирусот во држава како Македонија, која има околу два милиони жители и релативно мала територија, покажува само какво фијаско им се случило.
– На два милиони држава, на релативно мала територија од 25-6 илјади километри квардати да не може власта да се избори со вирусот, само покажува за какво фијаско се работи. Хрватска има далеку поголема територија, Словенија има слична на нас територија, а ги гледаме какви се бројките, констатираше Николоски.
Единствена гаранција во борбата против вирусот, вели Николоски, е серозно да се работи и ако се искористи следниот период паметно, во тој случај, возможно е Македонија да очекува да се спуштат бројките. Но, ако продолжим политиканството и ПР-от, во тој случај нема да се намалат бројките, за жал, само ќе се зголемуваат. Секој да си ја работи работата за која што е избран. Помалце посета на ПР куќи и трошење пари и време таму, а повеќе работа ќе дадат ефекти, додаде тој.
– А, ако наместо една, ангажираат уште една ПР куќа за да најдат начин како да го обвинуваат народот и ВМРО-ДПМНЕ за ова што се случува, тогаш можеби ќе седиме во ова исто студио по две недели и ќе констатираме дека наместо 52, 104 нови случаи, што не го посакувам, појасни Николоски.

Актуелно

(Видео) Следете во живо: Мицкоски на средба со жителите на Крива Паланка

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, вечерва оствари средба со жителите на Крива...

(Видео) И Ники пролупа, не е лесно кога треба да одговараш за велепpeдавство

Досега невидено издание во јавноста на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој на вчерашниот предизборен митинг на СДСМ покажа многу емоции кои досега...

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Кратово

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидат за премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со жителите на Кратово. Следете го во живо неговото...

(Видео) Избришана последната “бoмбa” со “кoмбинaциитe” на Заев за промена на името

Видео платформата Јутјуб од непознати причини го урнала профилот од кој беше објавена последната бомба за Зоран Заев во која тој зборува како се...

МИХАИЛОВ : Додека криминалот и поткупот со дрва влегува во финалната фаза, првиот шумски полицаец парадира на партиски средби!

Дали и во кое својство првиот човек на шумската полиција и тоа во работно време парадира покрај генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, а...

Повеќе вести