Фаница Николоска од СДСМ си тepaшe кампања и ги злoyпoтрeби пожapникаpитe во службена униформа, во службени простории

Поврзано

ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање на Влада, но договор со ДУИ се уште нeмa

„ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање на парламентарно мнозинство. Информации од непотврдени и непроверени извори нема да потврдуваме ниту да демантираме“...

Мендух Тачи од Заев ја побарал институцијата Финансиска полиција за да ги истражува трансферите на пари од Иран и Катар

Албанскиот портал Газета Експрес, објави детали од средбата на Зоран Заев и лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Имено порталот објави...

Жecтока реакција на ВМРО-ДПМНЕ поради нaпaдите на Заев врз медиумите

ВМРО-ДПМНЕ реагира и остро го осудува бруталното и недемократско постапување на Зоран Заев кон новинарите и медиумите, редејќи етикети,...
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ ОК Тетово преку статус на Фејсбук пишува дека граѓаните на Република Македонија секојдневно се сведоци на погубното владеење од СДСМ и нивните партнери.

-Граѓаните на Република Македонија секојдневно се сведоци на погубното владеење од СДСМ и нивните партнери. Нивната безидејност, фрустрација и слаб одзив кај народот се рефлектираат и со незаконско водење на кампања, притисоци, предизборен поткуп но исто така и злоупотреба на државни институции за партиски цели..

Имено во изборниот законик во делот изборна кампања точно е наведен начинот на јавно собирање и јавни настани организирани од страна на организаторот на кампања, Особено би се задржале на делот предизборни собири.

Во член 82 став 1 се вели – Предизборните собири не смеат да се одржуваат во воени објекти, верски објекти, болници, домови за стари лица, училишта, детски градинки и други јавни институции. Во истиот член став 4 продолжува и вели – за потребите на изборната кампања не е дозволено да се користат просториите, опремата или другиот имот што е наменет за работа на државните органи и органите на општината и градот Скопје.

Член 187 предвидува Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на ќе се казни за прекршок политичка партија, коалиција, односно носител на независна листа од група избирачи, која: го организира собирот спротивно на членовите 81 и 82 од овој законик.

Исто така Член 188 предвидува Глоба во износ од 300 до 800 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на одговорното лице на надлежниот државен орган, верска заедница или јавна институција која на организаторот на изборната кампања ќе му дозволи организирање на предизборни собири спротивно на членот 82 од овој законик.

Вчера Фаница Николоска од СДСМ си тераше кампања во Тетово, и ги злоупотреби пожарникарите во службена униформа, во службени простории.
За жал ова е второ прекршување на изборниот законик за кој се предвидени и казни.

Па бидејќи Г-ѓа Николоска е правник, тетовци бараат одговор на следниве прашања.

Дали територијалната противпожарна единица во Тетово е јавна институција или не?

Дали противпожарната служба е под капата на Општина Тетово или не?

Дали Николоска од СДСМ агитираше да гласаат за неа или пак само лажно вети дека ќе им помогне на пожарникарите околу неисплатените додатоци за плати за кој веќе имаат и пресуди?

Исто така македонската јавност сака да знае

Дали Фаница Николоска води државна институција или партиска кампања?

Во кое својство Фаница Николоска имаше средба со Дамјан Манчевски во Министерство за информатичко општество и администрација во Скопје?

Дали на таа средба се дадени списоци од вработени во државната администрација каде треба да се изврши влијание и да се добие глас плус за СДСМ, односно глас минус за ВМРО-ДПМНЕ?

Почитувани сограѓани, времето на притисоци, закани, уцени помина, иако СДСМ вети правда, таа донесе економски пустош, мито, корупциија и сиромаштија.

На 15 Јули, ветуваме дека заедно ќе ја победиме оваа ненародна власт, на 15 Јули гласајте за ВМРО-ДПМНЕ, гласајте за број 14, гласајте за реални и конкретни проекти, гласајте за Обнова на Македонија, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Граѓаните на Република Македонија секојдневно се сведоци на погубното владеење од СДСМ и нивните партнери. Нивната…

Julkaissut ВМРО-ДПМНЕ ОК Тетово Torstaina 9. heinäkuuta 2020

Latest News

(Видео) Cпaceнo девојче кое поминало 24 часа под pyшeвини по eкcплoзијaтa во Бејрут

Во големата експлозија која се случи во Бејрут загинаа над 130 лица, илјадници се повредени, а по голем број...

Утре без cтpујa делови од неколку скопски општини

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, на ден 07.08.2020 година (петок), без електрична енергија ќе останат: Oд 06:00 до 07:30 часот, дел од индустриската...

Над половина милион зaрaзeни со Koвид-19 на Флорида

САД регистрираа 1.262 нови смртни случаи поврзани со Ковид-19 во изминатите 24 часа, покажуваат податоците на универзитетот „Џонс Хопкинс“. Со новите случаи, бројот на смртни...

Зaплeнeти 1,3 тони кoкaин на француско пристаниште

Француските власти заплениле 1,3 тони кокаин скриени во контејнер со вреќи ориз од Јужна Америка во пристаниште на северот на државата, изјави неименуван извор...

Играјте на сигурно и нема да зaжaлитe

Овен Не дозволувајте ситните кавги со колегите да ве исфрлат од такт. Кога ќе забележите дека сте налутени, повлечете се во самотија и бројте до...

More Articles Like This