ФАТИМЕ, ТВОЕТО ТВРДЕЊЕ Е ГЛУПABO И ПАЃА ВО ВОДА: „Бoмбитe“ сте ги слушнале ПОСЛЕ модификацијата, затоа твоето тврдење е глyпaвo и пaѓa во вода

  • September 25, 2019
  • Коментари

Роберт Милески кој често учествуваше во протестите против Владата на Никола Груевски, упати жестоки критики за манипулирање и лажење на Фатиме Фетаи и Зоран Заев во врска со прислушкуваните материјали. Неговиот пост ви го пренесуваме во целост:

“Во врска со неговата изјава дека материјалите претрпеле некоја модификација, Фетаи рече дека..”

Некоја? Не Фатиме, зборот беше СТРАОТНА модификација!

“За нив како Обвинителство, автентичноста на материјалите воопшто не е спорна.”

Знаеш Фатиме, во исказов имаш еден проблем, сите вие “бомбите” сте ги слушнале ПОСЛЕ модификацијата, а само неколку луѓе, меѓу кои и Верушески, се ретките што се сведоци какви биле тие ПРЕД модификацијата. Затоа твоето тврдење е глупаво и паѓа во вода, оти не си ни можела да знаеш што се случувало и во каква состојба биле материјалите претходно.

Како пример може да се земе разговорот помеѓу Груевски и Јанкуловска, кој очигледно беше исечен за пред јавноста да се створи слика за директна замешаност на Груевски во случајот, за Заев да го втурне народот во пресметка со покцијата што и се случи. Само нечовек може да втурне народ во крвава пресметка за да дојде на власт. Ако има правна држава тогаш муртинскиот лажов само за ова злодело треба да одговара за обид за рушење на уставниот поредок на РМ.

Како велат, времињата се менуваат, ќе даде Бог правдата да надвладее. Кој што си здробил, тоа ќе срка, доколку јас се прашувам, напиша Милески.

Претходно «
Следно »