Фајзер се oбвpзa: 40 милиoни вakцини зa cиpoмaшнитe

Поврзано

Британски сој на kopонавирусот регистриран кај вториот македонски граѓанин вратен од Занзибар

Министерството за здравство ја информира јавноста дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од другиот пациент...

Се ypна вoeн хеликоптер во Турција, зaгинaa девет лица

Воен хеликоптер се урна во источна Турција, при што загинаа 9 лица, а четири беа повредени, соопшти турското Министерство...

Силeн зeмјотрес од 7,3 стeпени го погoди Нов Зеланд, издадено пpeдупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди Нов Зеланд, поради што е издадено предупредување за цунами. Брановите на...
- Advertisement -

Американската компанија „Фајзер“ се обврза да испорача 40 милиони дози вакцини против „Ковид-19“ оваа година, во согласност со напорите на Светската Здравствена Организација да обезбеди вакцини за сиромашните земји.

Договорот е поттик за светската програма Ковакс, бидејќи богатите земји веќе зазедоа поголем дел од неколку милиони произведени дози, според агенцијата АП.

Обврската, објавена на виртуелна прес-конференција на СЗО со седиште во Женева, се смета за важна бидејќи влијателната американска администрација за храна и лекови (ФДА) кон средината на декември дозволи итна употреба на вакцината против Ковид 19, развиена од фармацевтската компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтек. што им олеснува на меѓународните здравствени групи и сиромашните земји исто така да одобрат употреба во итни случаи.

Претходно оваа недела, генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус ги критикуваше фармацевтските компании кои главно ги снабдуваат богатите земји заради профит.

Потребни се две дози за вакцинирање на една личност, а 40 милиони дози се само мал дел од она што е потребно за вакцинирање на милијарди луѓе во 92 сиромашни и земји со средни приходи преку програмата Ковакс, што е целта на СЗО.

Механизмот Ковакс, чија цел е да обезбеди фер пристап до вакцини против Ковид 19 за посиромашните земји, претходно обезбеди скоро две милијарди дози вакцини од пет други производители, плус можност за милијарда дози повеќе.

„Фајзер“ претходно не се обврза да ја достави вакцината „Ковид-19“ во сиромашните земји без да оствари профит, како што направија повеќе други компании.

Сепак, Фајзер и германскиот Бионтек најавија дека ќе ја достават својата вакцина на Ковакс по „непрофитна цена“. Според постигнатиот договор, компаниите треба да ги испорачаат вакцините оваа година, почнувајќи од крајот на март.

Latest News

Јакимовски: Власта или лаже сега, или лажеле до сега, дека ние сме имале пари за вакцини

Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, во денешното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 зборуваше за најновото заадолжување...

More Articles Like This