„Фајзер“ со ckaндалозно признание: Вакцината нема иста цена за сите земји

Поврзано

(Видео) Macaкap вo Рио: Нajcмpтoнocнaтa пoлициcкa akциja вo иcтopиjaтa нa Бразил – oвa ce дeтaлитe

29-тата жртва на акцијата во фавелата Жакарезињо ја лансираше оваа рација во самиот врв на најсмртоносните полициски операции во...

(Boзнeмиpyвaчкo видeo) Нajмaлку 40 зaгинaти вo ekcплoзиja вo близинa нa yчилиштe во Кабул, пoвeќe oд 50 лицa, пpeтeжнo yчeници, ce пoвpeдeни

Најмалку 40 лица загинаа во експлозија на близина на училиште во авганистанскиот главен град Кабул, соопшти Министерството за внатрешни...

Haпaднaтa вoeнa бaзa во Иpaк кaдe ce cмecтeни aмepикaнcки тpyпи

Ирачката воздушна база Аин ал Асад, во која се сместени американски трупи, рано утрово беше нападната од беспилотно летало. Во...
- Advertisement -

Шефот на „Фајзер“ Алберт Бурла денеска изјави дека вакцината на компанијата против Ковид-19, која е меѓу најскапите на пазарот, не е поскапа од цената на храната и нема да се продава во сиромашните земји со профит.

Шефот на американската компанија ја бранеше цената на дозите за кои рече дека спасија животи и може да им помогнат на земјите да излезат од пандемијата.

Вакцините се многу скапи. Тие спасуваат животи, дозволуваат повторно отворање на економиите, но ние ги продаваме по цена на храна, рече тој во интервју за „Лес Еко“ во Франција, германски „Ханделсблат“, италијански „Кориере дела сера“ и „Ел Мундо“.

Развиена во соработка со германски Бионтек, вакцината на Фајзер, заедно со Модерна, е вакцината што најмногу ја чинеше Европската унија, според податоците објавени пред неколку месеци од член на белгиската Влада.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов претходно оваа недела предупреди дека Брисел се соочува со огромен пораст на цените бидејќи преговара за скоро две милијарди дози на вакцината во следните години.

Фајзер беше 12 евра, а потоа стана 15 евра. Договорите сега се потпишуваат … по цена од 19,50 евра, рече Борисов во неделата.

Цените се во целосна спротивност со вакцината на британско-шведскиот производител на лекови Астра Зенека, кој вети дека нема да оствари профит од својот производ за време на пандемијата и го продаде на ЕУ за помалку од две евра по доза.

Бурла не ја потврди цената на вакцината Фајзер, но призна дека се продава по повисока цена на развиените земји како што се ЕУ или САД.

Во земјите со среден приход ја продаваме по половина цена, рече тој и додаде дека во посиромашните земји, меѓу кои е и Африка, вакцината се продава по пониска цена.

Latest News

Cитyaциjaтa e зaгpижyвaчкa: Ceчeњeтo нa пpaшyмaтa вo Амазонија ce згoлeмилo зa 43 oтcтo

Сечењето на прашумата во Амазонија се зголемило за 43 проценти во април во споредба со истиот период минатата година,...

More Articles Like This