ФБИ се откажува од истрага против Бред Пит

  • September 26, 2016

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) најверојатно ќе се откаже од истрага против Бред Пит, поради наводно малтретирање на неговите деца, објави магазинот „Пипл“.

brad-pitt-hairstyle5

Извор од ФБИ за магазинот изјавил дека од досегашните докази и видеото, кое се споменуваше како повод за евентуална истрага, Бирото утврдило дека нема никаква основа што би оправдала постапка против Пит.

Станува збор за видео за наводна жестока расправија помеѓу Пит и неговиот 15-годишен посвоен син Медокс за време на лет во нивниот приватен авион.

– Не му нанел апсолутно никакви физички повреди. Тоа е расправија меѓу родител и дете, во која дошло до пожесток судир отколку што требало, тврди изворот на „Пипл“

Според таблоидите на видеото се гледала тепачка меѓу Бред и Медокс, но изворот од ФБИ вели дека имало само „мал контакт со рамената“.

Претходно «
Следно »