ФЕНЕРБАХЧЕ И ЛАБОРАЛ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЕВРОЛИГАТА

  • April 22, 2016

Екипите на Фенербахче и Лаборал изборија пласман во полуфиналето на Евролигата откако синоќа во третите натпревари од четвретфиналето ја постигнаа и третата победа и со 3-0 во добиени натпревари ги елиминираа актуелен европски првак Реал Мадрид, односно Панатиникос.

evroliga INFOAKS

Фенербахче победи на гости кај шампионот Реал Мадрид со 75:63, а Лаборал славеше на гостувањето кај Панатинаикос со 84:75. Двете екипи Фенербахче и Лаборал ќе играат меѓусебе во полуфиналето.

Барселона на домашен терен ја победи екипата на Локомотив Кубан со 82:70 и поведе со 2-1 во добиени натпревари. Натпреварот број 4 се игра во четврток на 21. април во Барселона.

Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе игра против ЦСКА Москва, која со 3-0 ја победи Црвена Звезда. Завршниот турнир „Ф4“ ќе се игра на 13 и 15.мај во Берлин.

Претходно «
Следно »