December 4, 2021, 5:47 pm

Фејсбук ја иcклучува опцијата за препознавање на лица, oд платформата ќе се избришат сликите на лицето на повеќе од милијарда луѓе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компанијата „Фејсбук“ денеска објави дека го исклучува својот систем за препознавање лица, кој автоматски ги идентификува корисниците на фотографиите и видеата и дека ќе ги избрише сликите на лицето на повеќе од милијарда луѓе.
Џером Песенти, потпретседател за вештачка интелигенција на новата матична компанија „Фејсбук“ – „Мета“, рече дека компанијата се обидува да ги одмери позитивните случаи на користење на технологијата за препознавање лица наспроти растечките општествени грижи, особено затоа што регулаторите допрва треба да дадат јасна правила во оваа област, пренесува АП.
Во 2019 година, компанијата ја прекина практиката на користење на софтвер за препознавање лица за да ги идентификува пријателите на корисниците на поставените фотографии и автоматските предлози за „тагирање“ , а поради таа функција компанијата беше тужена во американската сојузна држава Илионоис, пренесува Танјуг.
Некои градови во Соединетите Американски Држави им забранија на полицијата и другите локални власти да користат софтвер за препознавање лица, а во 2019 година, Сан Франциско стана првиот американски град кој ја забрани оваа технологија, по долгогодишни критики од страна на застапниците на приватноста и граѓанските слободи.

Latest News

(Видео) Ѓорѓиевски: Несовесен граѓанин фатен како иcфрла отпaд на местото каде што се гради новиот парк во Драчево, ќе биде kaзнет доколку не го...

Денес, несовесен граѓанин се обидел да истури отпад на местото каде што се гради новиот парк во Драчево. Градоначалникот...

More Articles Like This