December 8, 2021, 11:08 pm

Филипче: Болницата „Свети Стефан“ во Охрид е пример за круцијалните промени направени во здравството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Младите се нашиот најсилен адут, затоа голем број вработувања на здравствен кадар се реализираа изминатиов период во оваа болница, објави на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче по денешната посета на специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ во Охрид.
Тој по средбата со управата и дел од персоналот на болницата посочи дека установата е пример за круцијалните промени направени во здравството со цел да се мотивираат и задржат младите лекари и здравствени работници да останат во земјата.
– Денеска имав стручен колегиум со моите колеги од болницата, разговаравме за состојбата на пациентите и за предизвиците со кои се соочуваат во време на пандемија со ковид. Специјализираната болница во Охрид го дава максимумот и со кадар и како здравствена установа каде се лекуваа голем број тешки пациенти со ковид од овој регион, порача Филипче

Latest News

(Фото) Ископан скелет од досега непознато животно, научниците немаат објаснување

Копајќи во дворот на стара фабрика за предење во источната турска провинција Игдир минатата недела, работници открија животински скелет...

More Articles Like This