October 20, 2021, 5:58 pm

Филипче: Бapaњaтa нa угocтитeлитe имaaт лoгикa, ќe ги paзглeдaмe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека барањата на Независната угостителска комора ќе бидат разгледани на состанокот на Комисијата за заразни болести во понеделник и оти согласно епидемолошката состојба ќе биде донесена одлука.

Во изјава за медиумите, Филипче нагласи дека во моментот нема влошување на епидемолошката состојба заради попуштањето на рестриктивните мерки, но сепак смета дека мерките што во моментот се на сила, треба да останат уште најмалку една недела.

– Сите барања ќе ги разгледаме на состанокот што ќе се одржи во понеделник. Барањата имаат логика, но во исто време ние сме во период кога поминуваат веќе неколку недели од попуштањето на мерките. Засега нема буквално никаква најава дека има влошување на епидемолошката ситуација заради попуштањето на мерките од пред неколку недели. Ќе ја анализираме епидемилошката ситуација заклучно со понеделник и ќе донесеме одлука, изјави Филипче.

Независната угостителска комора денеска информираше дека до Комисијата за заразни болести и до Министерството за здравство доставила неколку предлози за работа на угостителските објекти. Меѓу другото од НУК бараат да се укине ограничувањето на работното време, да се дозволи работа во внатрешните делови на објектите и настап на музички групи, како и да се укине препораката на маса да седат само четири лица. 

Latest News

(Видео) Османи му се зakaнувал на Фуркан: Heрвоза кај власта, продолжуваат нaпaдите врз новинари

Новинарот Фуркан Салиу на социјалните мрежи реагираше на односот на министерот за надоврешни работи, Бујар Османи, кој, како што...

More Articles Like This