November 28, 2021, 6:33 pm

Филипче: Вakциниpaнитe гpaѓaни нe тpeбa да oдaт вo кapaнтин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светот оди во правец целосно да се нормализира животот и движењето на луѓето коишто се вакцинирани, очигледно сите свесни дека тоа е единствениот правец да го вратиме нормалниот живот, изјави министерот Филипче, во изјава за медиумите. Само вакцинирани луѓе во европските земји може да влегуваат на настани или во угостителски објекти. Секаде како критериум се бара вакцинацијата, а при патување не е потребен карантин за вакцинираните граѓани и на овој начин е обезбеден полесен и побезбеден живот.

-Во тој поглед сме спремни, посебно со сертификатите. Интензивната работа на тимот кој работеше на сертификатите се исплатеше, еве сега тие сертификати за вакцинација се признаени, посочи министерот Филипче.

Нашата држава во чекор со ЕУ и сите останати земји во светот, се стреми кон вакцинација на населението и главната цел во овој момент е да се постигне колективен имунитет кој ќе овозможи што поскоро, нашите животи да се вратат во нормала.

Latest News

Еве од што зависи оставkaта на Заев

Премиерот Заев без конкретен одговор дали во овој момент ќе се повлече од премиерската функција или пак ќе го...

More Articles Like This