October 25, 2021, 7:24 am

Филипче: Вepcкитe лидepи зa Велигден и Paмaзaн Баjpaм тpeбa дa oбeзбeдaт peдapи пpeд цpквитe и џaмиитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Верските лидери за Велигден и Рамазан Барјам ќе треба да обезбедат редари, задолжени за организирање на чествувањето кои би требало да се одржува надвор, односно пред црквите и џамиите, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тоа било договорено на последната средба од која, како што потсети, произлезеле и обврската да апелираат до граѓаните максимално да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од КОВИД.

По приемот на норвешката донација од 100 механички респиратори, Филипче соопшти дека кинеските вакцини најверојатно ќе пристигнат во петок, зашто веќе се стигнати на аеродромот во Истанбул.

Ситуацијата со КОВИД будно се следи, повтори министерот, и не се очекува зголемување на бројките.

-Кривата е веќе парабола и ја имитира онаа од ноември-декември, паѓаат бројките на новодијагностицирани, тоа се чувствува и во болниците каде приситокот се намалува и нема многу приеми и префрлања од една во друга здравствена институција како што беше случај во почетокот на април. На состанокот со верските лидери, тие земаа обврска да обезбедат редарска служба за спроведување на протоколите и секој настан да го организираат надвор, пред црквите и џамиите. Епидемиолошката ситуацијата тоа во моментот го дозволува, истакна Филипче.

Според него, не е проблем излегувањето на граѓаните надвор особено сега кога времето е веќе топло и тоа го дозволува, но мерките мора да се почитуваат.

-Граѓаните мора да знаат дека имаат индивидуална одговорност и дека мора да ги почитуваат мерките, истакна Филипче.

Во однос на вакцините, за помош од Србија дополнително не е разговарано. Се очекува инситутот „Торлак“ да информира кога ќе ги добијат последните сертификати од контролните лаборатории во Русија.

-Тоа што ние очекуваме да стигне во следниот период се кинеските вакцини и тоа во петок најверојатно рано наутро од Белград. Веќе се стигнати на аеродромот во Истанбул. Потоа, меѓу 5.000 и 7.000 вакцини на „фајзер“ секој следен понеделник во мај, близу 26.000 и очекуваме информација од ковакс-системот, рече Филипче.

Околу 150.000 граѓани се во моментов пријавени за вакцинирање, а со секоја најава за нова пратка вакцини, има и дополнителни пријави од граѓани.

Latest News

Наyтpo студено, преку ден сончево со пpoменлива облачнocт

Времето во земјава ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер...

More Articles Like This