December 9, 2021, 10:31 am

Филипче изнесе HeBистина: Не е вистина дека целосно се Bakцинирани kpитичните групи граѓани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Досега не се вакцинирани сите од критичните групи на граѓани, туку само приоритетните од овие групи. Сите институции од критичната инфраструктура доставија списоци до Министерството за здравство со вработени кои се заинтересирани за вакцинација. Од овие лица кои се пријавиле, вакцинирани се само дел. Со достапни, 24 илјади вакцини од Ковакс механизмот и тоа од „Астра Зенека“ – вакцина која може да се дава само на повозрасни од 60 години, понатаму донација од „Фајзер“ (8190 дози) и „Спутник“ од Србија од 20.000 вакцини и донација од Абу Даби од 2 илјади вакцини, како и 6 илјади вакцини Спутник В, не е можно да се вакцинираат во целост критичните групи граѓани кои имаат висок ризик да развијат инфекција се наведува во анализата на Вистиномер.мк

Министерот за здравство Венко Филипче на 12 април 2021 година пред спортската арена „Борис Трајковски“, откако почна вакцинацијата на новинарите и медиумските работници, даде изјава во која што изнесе невистина.

Вакцининрани се целосно сите оние што имаат најголем ризик и кои учествуваат во менаџирањето на кризата од почетокот, припадници на МВР, Армијата, вработените во училиштата од 1 до 3 одделение, негувателки во градинки, денеска вработените во техничките групи во Собранието. Денеска се на ред групата преку здружението на новинари и кои со навременото информирање на јавноста се клучна алка во менаџирањето на здравствената криза, рече Филипче.

[Извор: МИА (3,06 минута од видеото); датум: 12.04.2021]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Подоцна во текот на денот изјавата на министерот Венко Филипче беше претставена и на неговиот официјален Фејсбук профил :

Во целост се вакцинирани критичните групи на граѓани, односно сите кои имаат висок ризик од инфекција. Вакцинирани се сите кои изразиле интерес за тоа и се пријавиле а тоа се здравствените работници, припадниците на МВР, армијата и наставничките од прво до трето одделение, вработени во Министерството за труд и социјална политика – негувателки и воспитувачки, а денеска се вакцинираа и новинарите и медиумските работници преку Здружението на новинари. Во текот на денот и утре ќе се спроведе и вакцинација на заинтересирани во делот на правосудниот систем, односно вработените во Собранието на РСМ, а од среда останатите вакцини од Спутник В ќе бидат распределени во системот на вакцинација за населението со што ќе продолжи вакцинацијата според возрасната група на граѓани во А1 Арената Борис Трајковски.

Во коментарите под оваа објава се забележуваат бројни реакции на критични групи граѓани кои се исплашени да не развијат инфекција, а кои не се вакцинирани.

Националниот план за имунизација дефинира кои се приоритетните групи на граѓани, според планот и според насоките и препораките и основните принципи на СЗО, Стратешката советодавна група на експерти, Ковакс и регулаторни тела за ЕМА и ФДА, како и релевантни национални институции и комисии во земјата. Од овој документ произлегува дека само е започната да се спроведува вакцинацијата за сите критични групи на граѓани, но не и дека критичните групи на граѓани се вакцинирани во целост, како што тврди министерот за здравство во неговото излагање.

Според националниот план за имунизација, во првата фаза влегуваат здравствените работници во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Потоа, наведени се здравствените работници со умерен ризик да стекнат и пренесат инфекција, па постарите возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.

Според националниот план за имунизација, во првата фаза на вакцинацијата, има многу ограничена достапност на вакцини, односно расположливи количини на вакцини за од еден до десет проценти од вкупната популација.

Со оглед на ова, не е точно дека се вакцинирани сите од критичните групи на граѓани, односно сите кои имаат висок ризик од инфекција, туку само приоритетните од овие групи. Сите институции од критичната инфраструктура доставија списоци до Министерството за здравство со вработени кои се заинтересирани за вакцинација. Од овие лица кои се пријавиле, не се вакцинирани сите, туку само дел од наведените ресори.

Впрочем, преку Ковакс механизмот досега во земјава се стигнати само 24 илјади вакцини. Пред тоа стигнаа донации од Србија од вакцината на „Фајзер“ (наменети за здравствени работници од ковид центрите и тоа 8190 дози) и вакцината „Спутник“ (20 илјади дози). Пристигнати се и вакцини доволни за вакцинација и ревакцинација на 3 илјади граѓани од рускиот производител Спутник В. Абу Даби испрати 2 илјади кинески вакцини донација. Оттука, сосема е неможно во целост да се вакцинирани критичните групи на граѓани. Особено зашто секој граѓанин што се вакцинира, мора да се ревакцинира и тоа со вакцина од истиот производител, што значи, за секој граѓанин се потребни две дози од вакцината.

На прес-конференцијата истиот ден, министерот беше запрашан кога ќе се вакцинираат, на пример, хронично болните граѓани, кои од почетокот на пандемијата се посочени како високоризични, за нив се носеа и специјални мерки на почетокот на пандемијата со кои беа ослободувани од работни обврски, на што одговори дека тие ќе дојдат на ред според нивната возраст. Значи, хронично болните, кои ги има во сите можни возрасни групи, не се целосно вакцинирани. Како што ќе доаѓаат повеќе вакцини, така ќе се намалува старосната група за примање вакцина и во таа старосна група ќе се приоритетизираат хронично болните.

Истиот ден кога е дадена оваа изјава, министерот, исто така, рече дека пристигнува донација од 2 илјади вакцини од Абу Даби, и дека тие ќе се додадат во два механизми за вакцинација, прво во оној по возрасни групи и второ во механизмот за критичната инфраструктура. Што значи дека критичната инфраструктура не е целосно вакцинирана штом во механизмот за нејзина вакцинација ќе се додаваат нови и нови вакцини според добиените пратки.

Така што, хронично болните не се целосно вакцинирани, бидејќи ги има во сите возрасни групи. Новинарите под 40 години исто така не се вакцинирани зашто за нив се чекаат нови пратки вакцини. Не се вакцинирани ниту сите фармацевтски техничари, стоматолошките сестри, како ни другиот помошен персонал во здравството.

Во истата изјава министерот напоменува дека досега се вакцинирани 25 илјади граѓани. Во нив влегуваат и повозрасните од 77 години за кои се наменети вакцините на производителот „Астра Зенека“, бидејќи таа вакцина во земјава не се дава на помлади од 60 години со одлука на здравствените власти, поради претпазливост откако се појавија ретки тромботични реакции кај некои помлади пациенти што во европските земји ја примија.

Оттука, со достапни само 24 илјади вакцини од Ковакс механизмот и тоа од „Астра Зенека“ – вакцина која може да се дава само на повозрасни од 60 години, понатаму донација од „Фајзер“ (8190 дози) и „Спутник“ од Србија од 20.000 вакцини и донација од Абу Даби од 2 илјади вакцини,како и 6 илјади вакцини Спутник В, не е можно да се вакцинираат во целост критичните групи граѓани кои имаат висок ризик да развијат инфекција. Може да се вакцинираат само дел од нив, што и се случи.

Линк до текстот на Вистиномер тука 

Latest News

Бајден смиpyва и дeecкалиpa: Воопшто не се размислува за испpaќање американска вojcка во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека го предупредил рускиот претседател Владимир Путин дека Москва ќе се соочи со тешки...

More Articles Like This