November 1, 2020, 1:58 am

Филипче со порака до родителите, учениците и образовните работници

Поврзано

Повикот на директорот на болницата во Струмица покажа каква е состојбата во Македонија

За тоа каква е состојбата во нашиот здравствен систем јасно покажува денешниот повик на Директорот на Општа Болница Струмица. Станува...

Захариева: Нема да ставиме вeто само ако Македонија ги признае бугарските корени

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева се заkaни дека Бугарија ќе стави вeто за почеток на пристапните преговори...

Каракачанов: Му објаснив лично на Заев, Бугарија нема да прави отcтапки, тоа би било нaционално прeдaвство

Никој во Бугарија нема да нaправи отcтапки и да не ги почитува одлуките на Собранието, потврди во телевизиско интервју...
- Advertisement -

Филипче со порака до родителите, учениците и образовните работници
Министерот за здравство Венко Филипче денеска во видео обраќање се обрати до родителите, учениците и образовните работници по повод почетокот на учебната година.

-Пандемијата предизвикана од Ковид-19 донесе брза и тектонска промена во образованието каква што не се памети во историјата. Верувам дека за многу од вас, новиот начин на кој се почнува оваа учебна предизвикува чувство на неизвесност. Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и искрено сите ги разбирам. Но, како здравствен работник и прв одговорен во битката со пандемијата, барам разбирање и поддршка за сите здравствени одлуки кои ги донесовме во однос на образовниот процес. Секоја одлука е базирана на примарната и најважна цел, заштитата на јавното здравје, заштитата на здравствениот систем и пребродување на кризата. Секоја одлука која ја донесовме е донесена со цел да се обезбеди добар, но и безбеден образовен процес. И ова е единствениот исправен пристап во услови кога нема идеално решение, потенцираше министерот Филипче.

Во своето обраќање, министерот Филипче истакна дека целосното отворање на училиштата кое го применија многу земји се покажа како исклучително голем ризик, а во неколку земји тоа значеше целосен крах на системот и враќање кон силни рестрикции.

-Верувам дека никој не го посакува ова. Сите добро се сеќаваме каква штета на менталното здравје, економијата и целото општество донесоа рестрикциите. Тие се последното нешто што сакаме да го употребиме и затоа мора да бидеме многу внимателни. Сите ученици кои се враќаат во училишните клупи, нивните родители и наставниот кадар мора да бидат многу одговорни. Дури 600 училишта ја започнаа настават со физичко присуство. Од учениците, родителите и наставниците очекувам максимално и доследно почитување на пропишаните мерки. Од сите заедно зависи дали ќе ја задржиме состојбата стабилна а со тоа и безбедно и квалитетно да ја поминеме учебната година. Драги деца, вирусот не е шега. Можеби за вас е помалку опасен, но е многу поопасен за вашите родители, баби и дедовци. Почитувајте ги препораките, слушајте ги наставниците и штитете го здравјето на сите. Јас верувам во вашата зрелост и одговорност. Вие може да бидете пример за возрасните и за целото општество. Кризата е време во кое созреваме, во кое растеме како одговорни личности. Ви посакувам успешна учебна година, рече министерот Филипче.

Latest News

Уште една земја најави кapaнтин поради ekcтремно лошата состојба

Португалската влада го најави новото затворање на поголемиот дел од земјата на 4 ноември и ги повика граѓаните да...

(Видео) Среде Скопје журkа, ечи, Спасовски и Филипче спијат

На социјалните мрежи вечерва се споделуваат видеа од ноќен клуб каде вечерва ечи познатата песна „жена од султана“, а внатре се одржува забава. На видеото...

Ердоган вети нова куќа за секој чиј дом беше yништeн во зeмjoтресот

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вети дека ќе биде изградена нова куќа, што е можно поскоро, за секој граѓанин чиј дом беше yништeн во...

(Фото)Ова не е новото амбулантно возило, ова се чевлите од 900 евра на Зорица Заева и Бентлито и Мајбахот на Заеви

Зоран Заев е на власт и државни позиции цели 18 години. Апослутно владее во Македонија цели 4 години. Ако Македонија има џeлaт тоа е...

Вечерва погледнете го небото, се случува редок феномен

Небото во ноќта од 31 октомври спрема 1 ноември ќе биде осветлено со „сината месечина“, односно втора полна месечина во период од 30 дена....

More Articles Like This