Филипче: Caкaмe cитe кoи paбoтaт co Koвид пaциeнти дa бидaт вakциниpaни нa eднo мecтo

Поврзано

Xоспитализирани 20 ковид пациенти во последното деноноќие, 806 лица се лекуваат од ковид-19 во болниците во Македонија

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град...

Поради двајца позитивни ykинaт воздушниот сообраќај помеѓу Австралија и Нов Зеланд

Властите во Нов Зеланд одлучија од недела на полноќ да го укинат воздушниот сообраќај со Австралија поради страв од...

Заев во понеделник во Брисел, се очекува да се разговара за одвојување на процесите за Македонија и Албанија

Премиерот Зоран Заев во понеделник ќе отпатува за Брисел каде треба да остави средба со претседателката на Европската комисија,...
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче синоќешното во гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма изјави дека 70 отсто од целокупниот број на здравствени работници сакаат да се вакцинираат со вакцини против ковид-19.

– Здравствените работници што сега се пријавија испратија добар сигнал. Седумдесет отсто од целокупниот број на здравствени работници кажаа дека сакаат да се вакцинираат. Вакцините се безбедни, развиени на сигурни платформи. Штитат 100 отсто, буквално сите вакцини кои се сега на пазарот од смрт и од тешка форма на болеста. Тоа е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата во светот – потенцираше Филипче.

Тој информираше дека начинот на кој беа регрутирани здравствените работници кои сакаат да се вакцинираат беше со упатување на писмо до секој директор, до вработените кои работеа со ковид-пациенти, не само во самата институција, туку и оние здравствени работници кои беа вклучени во системот на ротација да покажат волја за вакцинирање.

– Ги добивме назад списоците со име и презиме и на тие пријавени здравствени работници се направи соодветниот распоред. Во точниот ден и делот од денот со саатница и минути за да се јават на вакцинација. Одлично оди вакцинацијата. Сакавме почетокот да биде централизиран и под контрола. Тоа значи дека сите вработени кои изразија интерес – здравствени работници, доктори, медицински сестри кои работат со ковид-пациенти ќе бидат вакцинирани во пунктот кај инфективната клиника. Овие два до три дена прво институциите во Скопје, а после тоа вработените во другите болници ширум државата ќе доаѓаат во овој пункт, и вработените во приватните болници – истакна Филипче.

Во емисијата, Филипче рече дека Македонија ќе биде една од ретките земји што целосно ги има вакцинирано сите здравствени работници кои работат со ковид-пациенти.

– Сакаме сите кои работат со ковид-пациенти да бидат вакцинирани на едно место. Со таа динамика од 300 до 500 за многу брзо време ќе стигнеме до 4.000 вработени. Тоа е бројка којашто е сега организирана, во следниот момент кога ќе стигнат останатите количини на вакцини системот на вакцинација ќе се дисперзира насекаде низ државата. Во сите вакцинални пунктови, во сите здравствени домови капацитетот за вакцинирање помеѓу 2.500 и 4.000 согласно пријавените на ден. Тоа е сосем задоволителна бројка и навистина може за кратко време еден сериозен процент од населението, надвор од здравствените работници да се вакцинира за што побрзо да се постигне колективен имунитет – посочи Филипче.

Latest News

(Видео) Во живо: Голем пpoтecт пpoтив полициската бpyтaлнocт во Берлин

Во Берлин се одржува протест против полицискиот „расизам“ и наводна десничарска инфилтрација во германските агенции за спроведување на законот. Протестот...

More Articles Like This