ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ БИ МОЖЕЛ ДА ГО ЗАВРШИ СВЕТСКОТО: Стравувам дека ова е крај за мене на СП!

  • January 19, 2017

Филип Миркуловски повторно одигра еден натпревар до последниот атом од силите и нерешениот резултат на Македонија го плати со повреда и предвреме завршен натпревар. По мечот нашиот искусен среден бек истакна дека има лошо претчувство за повредата:

filip-mirkulovski-macedonia

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]„Повредата е на задната ложа, од моето искуство мислам дека не е добро. Дај Боже да е некој грч и да можам да се вратам брзо, но доколку нешто е скинато тоа ќе значи крај за мене на СП. Што се однесува до дуелот ние се вративме по ист рецепт како со Тунис, не се предадовме до последен момент. Мислам дека вчера не требаше толку многу да запнеме, но едноставно не понесе атмосферата. Филип Лазаров одигра добар натпревар, секоја чест и за Колев. Сега со Норвешка имаме какви такви шанси, за разлика од Франција доколку ни се паднеше“, изјави Миркуловски.[/kopa_block_quote]

Целата изјава на Гол.мк

Претходно «
Следно »