ФИЛИП ЌЕ ГО СУДИТЕ, А КОЛКУ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ТРИЧКО, ГЕРОВСКИ, АДЕМИ И ЕСКО: Двојните аршини во правосудството се скандалозни!

  • March 18, 2017

Ако за став содржан во 140 букви, колку што дозволува социјалната мрежа Твитер, Филип Петровски заработи кривична пријава од Уранија Пировска и Оливер Спасовски, тогаш со колку години затвор би требало да бидат казнети оние кои повикуваа на атентати, војна, крв, смрт и убиства, и тоа во колумни. Колку би требало да одлежи затвор Есад Рахиќ, инаку брат на уапсениот нарко дилер Сеад Рахиќ, кој јавно на телевизија им се закануваше на новинарите дека ќе ги тепа?

https://www.youtube.com/watch?v=YHMubp2KChQ

 

Подигнувањето на истражна постапка по кривичната пријава на генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски и имагинарната директорка на „Хелсиншки комитет“ кој во светот е затворен пред 11 години, е преседан во Македонското правосудство.

filippp15

Имено, двајцата лицемери го тужат Филип Петровски за став искажан на социјалната мрежа Твитер, а според обвинителството, ставот содржан во 140 букви бил доволен да се отвори истражна постапка, иако претходно во низа наврати тоа не го направи и за лица кои во колумни, текстови и мислења, објавени во масовни медиуми (весници, телевизии, портали) отворено повикуваа на атентат на високи државни функционери.

Така на пример, Бранко Тричковски во колумна објасни како го замислувал патот на куршумот кој поминувал низ главата на Груевски.

tricko_gruevski

Неодамна, истиот на социјалната мрежа Фејсбук, каде нема ограничување во изразувањето, Тричковски повика и на убиство на претседателот на државата, премиерот и екс-премиерот Груевски.

tricko_atentat

Пред две години пак, истиот овој новинар на истата социјална мрежа посакуваше смрт на оние полицајци кои не успеале да загинат во анти-терористичката акција во Куманово, велејќи дека само така, кога ќе изумреле полицајците кои сеуште ја бранеле државата, тогаш Македонија ќе била по негова мерка.

trickovski_svinja

Но, Тричковски не осамен во повиците за насилство. Примери слични на неговите имаше и неговиот пријател и ментор Бранко Геровски, кој исто така на социјалната мрежа се закануваше со убиство на новинари. Тој напиша:
[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Само нека повели пичкицата смрдена. Знае што го чека – кратка деветка. Не е Волтер. ЦЗ е. Со нова, тазе дозвола. По стандардите на СЕММ.[/kopa_block_quote]

Повиците на овие експоненти, кои потикнуваат од еден центар всушност се помалку загрижувачки иако се кривично казниви. Имено, свои „бисери“ имаа и високи функионери на СДСМ кои повикуваа на „крв на улици“. Таков е примерот со Едмонд Адеми.

edmond_krv

Обвинителството не најде за сходно ниту да започне со истражна постапка и за заканите на Уранија Пировска, која в лице им се закануваше на полицајците со зборовите „Ќе видите вие!“, или пак на новата пратеничка Ивана Туфегџиќ која од прет полициската станица во населбата „Пролет“ повикуваше на „смрт со бесење“ за полицијата.

 

Претходно «
Следно »