Филмот „Врба“ на Манчевски отпадна од трката за Оскар

Поврзано

Дpaма нa Aлeкcандap Cтaнковcки: Kapaнтин – Втор дeл

Чуранче (со пеење): Боооорба за слободаааа, за Макеееедонијааааа, земја поробљеееенаааа... А, бе, какву борбу ќе водиш с’с овој стоку...

Hoвa книгa нa Coтиp Костов: „Мyзички икoни“

Минатата недела од печат излезе новата книга на Сотир Костов, „Музички икони“. Тоа е книга за музиката на нашата...

(Видео) Пендаровски за Конески: Тивок во зборот, но моќен во мислата, во овие бyчни времиња, тишината во неговата поезија говори на благороден начин

Претседателот Стево Пендаровски, како покровител на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, преку видео порака се обрати...
- Advertisement -

Филмот „Врба“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски отпадна од трката за Оскар за странски филм.

Неговиот филм „Пред дождот“ во 1995 ѝ ја донесе на Македонија првата номинација за Оскар за најдобар странски филм, а македонски кандидати биле и неговите „Сенки“ и „Мајки“.

Лани документарецот „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубо Стефанов беше првиот филм во историјата на Оскарите кој доби номинации и за Најдобар документарец и за Најдобар странски филм.

Американската Академија на филмски уметности и наука направи потесен избор на кандидати за Оскар во девет категории, а македонскиот кандидат „Врба“ отпадна од трката.

Од 93 номинирани кандидати за категоријата Најдобар филм на странски јазик, меѓу кои беше и „Врба“, Академијата го стесни изборот на 15 филма. Меѓу 15-те филма кои останаа во трката за престижната филмска награда се филмот од Босна и Херцеговина „Kvo vadis, Aida“, потоа „The Mole Agent“ (Чиле), „Charlatan“ (Чешка), „Another Round“ (Данска), „Two of Us“ (Франција), „La Llorina“ (Гватемала), „Better Days“ (Хонг Конг), „Sun Children“ (Иран), „Night of the Kings“ (Брег на слоновата коска), „I’m No Longer Here“ (Мексико), „Hope“ (Норвешка), „Collective“ (Романија), „Dear Comrades!“ (Русија), „A Sun“ (Тајван) i „The Man Who Sold His Skin“ (Тунис).

Поради пандемијата на ковид-19, наместо во февруари, наградите Оскар ќе се доделуваат на 25 април во Лос Анџелес, а номинациите ќе бидат објавени на 15 март.

Latest News

Мизрахи: СДСМ и власта нека си погледнат во дворот и нека се запрашаат зошто мнозинството е такво какво што е

Во вечерашното издание во емисија „Патот кон" на ТВ Алсат М гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи...

More Articles Like This