ФИЛМСКА АКЦИЈА ВО ПОПУЛАРНОТО ЛЕТУВАЛИШТЕ: Нарко дилер бегал од хеликоптер, па удрил со глисер на плажа!

  • July 10, 2018

Туристите кои одморале на плажите во Малага, имале можност да видат возбудлива полициска потера, која сепак во еден момент изгледала прилично комично.

Додека многумина се капеле, полицискиот хеликоптер кружел над нивните глави следејќи го глисерот. Кога дошол до брегот, мажот од глисерот почнал да бега.  Туристите тоа го снимале, а имало и такви кои му викале „бегај, бегај”, веројатно без да знаат за што станува збор.

Набрзо се огласила и локалната полиција, која соопштила дека нарко-дилерите прават се за да дојдат до профит.

– Во овој случај, глисерот со дрога во полна брзина одел кон плажата. Иако се обидел да побегне, набрзо бил уапсен – се наведува во соопштението на полицијата.

Претходно «
Следно »