ФИНАНСИИ КРИЕ ОД КАДЕ ПАРИ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ: Експертите обвинуваат за нетранспарентност

  • August 16, 2018

Министеството за финансии крие од каде пари за кампањата за референдумот. Министерството за финансии не дава податоци колку некое од министерствата или другите државни институции до сега доставило до нив извештај колку пари имаат на располагање за референдумската кампања. Од Финансии велат дека очекуваат овие информации да бидат комуницирани од страна на Владата, додека од Владата велат дека парите што министерствата ќе ги издвојат за кампањата нема да бидат средства од предвидените проекти. Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, вели дека фактот дека не се знае колку пари ќе бидат потрошени за кампањата и од каде конкретно ќе се обезбедат, остава простор за манипулација , пренесува Алсат.

Презентацијата на одлуката на Владата од страна на портпаролот беше целосно нетранспарентна. Ова прашање може да скрие и другите цели, да не бидат транспарентни. Кога станува збор за буџетски промени, Владата мора да излезе со многу прецизни информации. Прво, треба да излезе со буџет за тоа колку ќе ја чини пропагандата за референдумот, а потоа Министерството за финансии да подготви сметка од која позиција тие ќе бидат земени и каде ќе одат. Тоа може да им сугерира на министерствата и на сите други корисници на државниот буџет да одделат од некоја позиција. Не се знае за колку пари станува збор, ако е за 100.000 денари тоа е нешто друго, од презентацијата на портпаролот, ниту пак се знае некоја основна информација за тоа колку пари ќе бидат потребни – изјави Џевдет Хајредини за Алсат, поранешен министер за финансии.

Претходно «
Следно »