ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ВОДИ ПРЕДМЕТ: Го задржале по грешка, но водат истрага против Владиката Петар

  • April 12, 2018
  • Коментари

Управата за финансиска полиција во врска со задржувањето на владиката г. Петар денеска на Меѓународниот аеродром Скопје соопшти дека има одредени сознанија, но бидејќи се работи за предмет кој, како што наведува, е во пред истражна постапка не е во можност да сподели информации со јавноста.

– Во врска со информациите околу денешните случувања со владиката Петар, кога истрагата ќе биде во фаза која дозволува споделување на информации со јавноста, а тие нема да ја нарушат истата благовремено ќе информираме, соопшти Управата за финансиска полиција

Митрополитот преспанско-пелагониски Петар денеска потврди дека накратко бил задржан на Скопскиот ааердором на барање на Финансиската полиција, но откако сфатиле дека направиле грешка му се извиниле и го пуштиле, изјави владиката Петар.

Претходно «
Следно »