ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ЈА „ЧЕШЛА“ КАНЧЕСКА: Преку 200 милиони евра испрани преку министерство за култура и неколку банки!

  • December 4, 2018

Финансиска полиција во моментот работи на три витални случаи, перење пари преку проектот „Скопје 2014“, работењето на актуелен министер и директори на неколку банки


Финансиската полиција во моментов ја испитува работата на поранешен министер за култура, на министер и на две банки, изјави синоќа директорот на Финансиска полиција Арфат Муареми, кој гостиваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

– Повеќе од 200 милиони евра преку трансакции во и надвор од Македонија се исперени во 2013 година, а злоупотребени во изградба на зградите на Водовод, Државен архив и Филхармонија, рече Арафат во врска со финансиите од периодот на министерувањето на Елизабета Канческа-Милевска.

Тој додава дека отворен е процес на истрага и во Македонија и во друга земја и се проверува дали парите биле перени во Македонија. Доколку се потврди, ќе стане јасно дека се направени и фалсификат документи.

И актуелната власт не е имнуна на процесот перење пари, вели директорот на Финансиската полиција.

– Под лупа е актуелен министер, но истражуваме и во Министерството за култура, рече Муареми.

Муареми додава дека меѓу другото предмет на истрага е и проектот „Скопје 2014“.

Првиот човек на Финансиската полиција Арфат Муареми во синоќешното издание на „Click Plus“ на ТВ21 ексклузивно открива дека некои комерцијални банки давале незаконски кредити на неколку компании. Во тек е истрага врз директорите на банките кои давале кредити на приватни компании за личен профит, вели Муареми.

Претходно «
Следно »