ФИНСКА НУДИ ПО 5000 ЕВРА НА МИГРАНТИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ЗЕМЈАТА: Финска ја зголеми финансиската помош за секој мигрант кој ќе ја напушти земјата

  • February 11, 2019
  • Коментари

Финските власти ја зголемија финансиската помош за да поттикнат голем број мигранти да ја напуштат скандинавската земја.

Владата донесе одлука да ја зголеми двојно финансиската помош за барателите на азил, кои доброволно ја напуштаат земјата. Според најновата одлука, секој мигрант што ќе ја напушти Финска ќе добие 5.000 евра, а претходно тој износ беше 2.500.

Финските власти се одлучиле на овој чекор бидејќи сè помалку мигранти одлучуваат да ја напуштат оваа земја.

-Сакаме да ги охрабриме да се вратат дома. Во нашата земја во моментот имаме над илјада луѓе на кои им е одбиено барањето за азил. Тие немаат дозвола за престој и поддршката што им ја даваме станува сè поскапа, изјави Тарја Рантала од Канцеларијата за миграција.

Претходно «
Следно »