ФИФА ќе издвои по еден милион долари помош на секоја од 211 федерации

Поврзано

Тринаесет фудбалери од Македонија имаат коронавирус

Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за откажување на бараж натпреварите за пополнување на Втора...

Вардар го поздрави Стоилов

Ракометниот клуб Вардар на Фејсбук објави фотографија од Столе Стоилов поздравувајќи го ракометарот со коментар „КАПИТЕНОТ“. https://www.facebook.com/rkvardar/posts/10159586146675348

Кирил Лазаров ја игра последната сезона во својата кариера

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров ја игра последната сезона во својата кариера, објави тој во интервју за...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ќе издвои 1,5 милијарди долари за да им помогне на националните федерации да се справат со ефектите од пандемијата на коронавирус, соопштија од организацијата.

Секоја од 211 федерации, членки на ФИФА, ќе добие грант од еден милион американски долари. За развој на женскиот фудбал ќе бидат доделени дополнителни грантови од 500.000 американски долари. Секоја од шесте конфедерации ќе добие два милиони долари. Овие плаќања ќе бидат извршени во првите две фази од планот на ФИФА.

Во третата фаза, секоја национална федерација ќе добие можност да аплицира за заем од 500.000 до пет милиони долари, но сумата не смее да надмине 35% од годишните приходи. На конфедерациите ќе им биде понуден заем до четири милиони долари. Ќе се формира посебен комитет кој ќе ја следи ефикасноста на трошењето. Тоа ќе го води Финецот Оли Рен.

ФИФА го одобри и годишниот буџет на организацијата за 2021 година и воведе ажуриран календар за националните тимови. Конкретно, беа одобрени измени во календарот на европските тимови, кои сега ќе можат да одиграат три натпревари наместо два во есенските периоди, резервирани за меѓународни натпревари на националните репрезентации.

Утврдена е и регулатива за олимписките фудбалски турнири за Игрите во Токио, одложени поради пандемијата на коронавирус од 2020 до 2021 година. Само тројца играчи на возраст над 23 години ќе можат да учествуваат на Олимпијадата.

ФИФА ќе им овозможи на момчињата родени во 1997 година да учествуваат на олимпискиот турнир во Токио.

Актуелно

Операција Атлантик

Под кодното име „Атлантик“ била водена мега разузнувачка операција за следење на сите противници на промената на името, во...

(Во живо) Бoмбa на Љупчо Палевски, приcлyшкyвани и следени новинари, политичари и активисти на „Бојкотирам“

Во „Public Room“ на прес конференција, Љупчо Палевски открива дека во период пред референдумот биле прислушкувани и следени, новинари, политичари и активисти на движењето...

Брима Галуп воопшто не спровела анкета, СДСМ „води“ само на непостоечки анкети!

Новинарот Горан Момировски во емисијата „Заспиј ако можеш“ откри скандал од невидени размери споделувајќи со македонската јавност дека Брима Галуп воопшто не спровела никаква...

Мицкоски до Заев: Ќе морате да ја докажувате Вашата невиност пред cуд, одговорност мора да има

На вечерашниот тв дуел гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски, кој зборуваше за реформите во судството, како и за одговорноста која што ќе...

Мицкоски: Cо заокружување на број 14 ќе се поддржи една поинаква Македонија од оваа која што денеска се случува

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во дебатната емисијата на македонската телевизија посочи дека овие избори се избори во кои што се одлучува за нашата...

Повеќе вести