Фон дер Лајен yдpи печат на вeтото: Без рeшeн спop со Бугарија, не може почеток на преговори на Македонија со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија не може да започне разговори за членство со Европската Унија доколку не го реши спорот со Бугарија.

Ова го изјавила претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев

Инаку, македонскиот премиер е во дводневна посета на Брисел и веќе се состана и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеjи.

Заев повторил и на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен дека Македонија нема намера да започне преговори за македонскиот идентитет и јазик. Сепак, пишуваат од BGNES.bg, овие два услови не се појавуваат меѓу барањата на Софија, од каде секогаш и на сите нивоа се изјавувало дека нема никакви претензии кон македонскиот идентитет и јазик.

Портпаролот на ЕК, Ерик Мамер истакна дека Фон дер Лајен ја потврдила својата поддршка за започнување разговори со Северна Македонија, но истите не може да започнат без согласност на Бугарија.

Европската комисија изразила желба да ги поддржи економските и инфраструктурни проекти во Македонија, како што е изградба на железничка линија, гасовод и проекти поврзани со зелена енергија.

Во врска со можноста за поделба на Албанија и Северна Македонија на патот кон европската интеграција, портпаролката за проширување Ана Писонеро објаснила дека Оливер Вархеји сака да се одржат меѓувладини конференции со двете земји, но со оглед на фактот дека конечната одлука треба да ја донесат државите членки, ЕК нема никакво влијание врз овој процес.

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This