ФОРМИРАНА ПРЕДИЗБОРНА КОАЛИЦИЈА: Лидерите на владеачките партии ќе настапат заеднички на предвремените избори во Косово

Поврзано

Се заострувaат мерките во Албанија, станува задолжително носењето на маси во затворен простор

Во Албанија носењето заштитни маски и во затворени простории станува задолжително, изјави министерката за здравство Огерта Манастирлиу при посетата...

Телефонски разговор ја скара опозицијата во Бугарија

Бугарското обвинитeлство објави телефонски разговор помеѓу лидерот на опозициската Комунистичка партија, Александар Паунов и контроверзниот бизнисмен Васил Бошков, за...

Лaжирани тестови за 40 евра на границата меѓу Бугарија и Грција

Во пограничното подрачје меѓу Грција и Бугарија се појавиле лaжни резултати од тестови за новата болeст, кои се продаваат...
- Advertisement -

Партиите на вицепремиерите на Владата во оставка на Косово, Фатмир Лимај – Социјалдемократска иницијативе (Нисма) и Беџет Пацоли – Алијанса ново Косово (АКР) се договорија денеска за заеднички настап на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат оваа есен, јави дописникот на МИА од Приштина.

На прес-конференцијата што ја одржаа по тој повод, лидерите на двете досега владејачки партии соопштија дека се договориле оти заеднички кандидат за иден премиер на Косово ќе биде Лимај.

Оваа предизборна коалиција, како што нагласија Лимај и Пацоли, е отворена за предизборно и постизборно коалицирање и соработка и со други политички субјекти.

Двете партии, како што беше речено, се убедени дека оваа коалиција ќе биде клучна за формирање на идната косовска Влада.

Коалицијата на Нисма и АКР е втора по ред откако, во понеделникот, на 19 август, договор за заеднички настап на наредните избори, потпишаа Алијансата за иднината на Косово (ААК) на премиерот во оставка Рамуш Харадинај и Социјалдемократската партија (ПСД) на приштинскиот градоначалник Шпенд Ахмети. Харадинај и Ахмети, по објавувањето на веста за постигнатиот договор,со кој заеднички кандидат за премиер ќе биде лидерот на ААК и досегашен премиер, ги повикаа Нисма на Лимај и АКР на Пацоли да се приклучат на коалицијата.

Косовското собрание вчера донесе одлука за самораспуштање, по што претседателот на државата Хашим Тачи треба да го објави датумот на предвремените избори. Тачи вчера најави дека многу брзо ќе го објави датумот за изборите, а извори од неговиот кабинет изјавија за медиумите дека тој планира да ги закаже изборите за на 6 октомври, а одлуката ќе ја објави најдоцна в понеделник, на 26 август.

Законскиот рок за одржување на изборите е 30 до 45 дена од распуштањето на Парламентот, а изборната кампања за предвремени избори е предвидено да трае десет дена.

0

Latest News

(Видео) Мицкоски: Денеска е денот кога народот гласно ќе зборува, кога обновата победува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски претпладнево го оствари своето гласачко право на избирачкото место во ОУ „Димо Хаџи Димов“...

ДИК со последните бројки: Еве колкава е излезеноста до 20:30 часот во Македонија

Државната изборна комисија ги објави резултатите од излезноста на избирачките места до 20:30 часот. Истата изнесува 50.84 проценти, досега правото на влас го оствариле 922,380...

Гласањето заврши, започнува броењето на гласовите

Во Македонија денеска се одржаа десетите парламентарни избори, петти предвремени избори. Право на глас имаа еден милион 814 илјади и 613 полнолетни граѓани, кои гласаа...

ИЕ6 со најслаба излезност

Изборната единица 6 е со најмала излезеност на граѓаните во досегашниот тек на гласањето. До 19 часот во ИЕ 6 се излезени 35,78% од...

Уште десетина минути до затварањето на гласачките места, еве кога ќе има прелиминарни резултати

Гласањето во услови на Ковид-19 на овие парламентарни избори ќе заврши два часа подоцна од вообичаеното време, односно избирачките места ќе бидат затворени во...

More Articles Like This