(ФОТО+ВИДЕО) НОВА ДИМЕНЗИЈА НА ВОЗЕЊЕТО: Зад воланот на Mercedes со 421 КС

  • December 18, 2019
  • Коментари

Заборавете на класичните спортски компактни возила, најмоќната AMG изведба на A класата е една сосема нова димензија на возењето.

Токму тоа го покажува видеото на AutoTopNL во кое е снимен токму овој модел во возење.

Mercedes-AMG A45 S настапува таму каде што конкуренцијата застанува.

Доволно е да се каже дека рачно склопениот 2.0-литарски турбо мотор дава 421 кс и максимален вртежен момент од 500 Nm.

Осумстепениот автоматски менувач ја пренесува снагата на сите четири тркала.

Тоа е повеќе од кој било друг сериски четирицилиндарски мотор.

Од 0 до 100 км/ч стигнува за 3,9 секунди, а максималната брзина изнесува 270 км/ч.

Овој модел во Германија се продава за 60.820 евра.

Претходно «
Следно »