January 24, 2021, 4:49 am

(Фото+Видео) Семејната фирма на Цветанка Иванова иcпyмпaлa еден милон евра од општина Струмица преку тeндepи

Поврзано

Aрсовски до Филипче: “Heмa дa ce извинaм, пpaтивтe ли дeмaнт дo Брнабиќ?”

Немам намера да се извинам, дали побараа извинување и од српската премиерка Ана Брнабиќ, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче...

Дoдeкa гpaѓaнитe нe мoжaт да вpзaт кpaј co кpaј, зa влaдинитe фyнкциoнepи минимaлнaтa плaтa изнecyвa 60 илјади денари

Нема зима за владините функционери, додека граѓаните живеат со по две евра на ден и едвај врзуваат крај со...

Heли идeнтитeтoт бeшe бeтoн, и нe ce пpeгoвapaшe зa идeнтитeтcкитe пpaшaњa co иcтoчниoт coceд?

Во однос на изјавите дека македонската страна прифатила бришење на придавката „македонски“ и нејзина замена со новото име договорено...
- Advertisement -

СДСМ го користи буџетот на општина Струмица за раздавање тендери на луѓе блиски до Заев, обвини на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓеорѓиевски.

Во продолжение ви ја пренесуваме интегрално целата прес-конференција на Ѓеорѓиевски:

Зоран Заев и неговите наследници градоначалници на Струмица само на семејната фирма на Цветанка Иванова, ДИКОР ЦД ДООЕЛ, дале над 1 милион евра односно преку 70 – тина тендери од буџетот на општина Струмица.

Бидејќи бев вчера прозван од градоначалникот на Струмица, ова што денес ќе го приложам пред медиумите се документите извадени од страницата на Бирото за јавни набавки од кои што јасно се гледа дека фирмата ДИКОР ЦД ДООЕЛ, која што е сопственост на синот на Цветанка Иванова, а претходно на нејзиниот сопруг, од општина Струмица, во период од 2009-та година до денес испумпала над 1 милион евра.

Синот на Иванова, Зоран Иванов, кој е сопственик на ДИКОР ЦД ДООЕЛ, е исто така косопственик на Омни градба, заедно со Трајче Заев.

Додека другите бизнисмени од Струмица, како што кажуваше Заев во снимката од „Едно евро за Вицето, едно за црквата“ плаќале по едно евро од квадрат кај Вице рекет, некој се богателе од буџетот кој што го полни и го полнеле струмичани, години наназад.

Додека обичните фирми требало да платат рекет за да добијат било каква работа, државна или општинска, бизнис партнерите на Заеви нижеле милиони преку јавни набавки, и од обични административци, соработниците на Заев Заев станале милионери со доделување набавки без тендери на нивните семејни фирми.

Времето во кое СДСМ го користеше буџетот за полнење на сметките на фирмите на луѓето бизнис партнери на Заеви наскоро завршува.

Одговорност ќе има за сите, кои злоупотребиле функција и се богателе на сметка на нашиот и намачен македонски народ.

Доаѓа време за одговорност.

СДСМ изминатиов период покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и може повеќе порази за нашиот народ и нашата земја. Да ставиме сите заедно крај на оав виткање на кичмата. Време е Македонија да се исправи! Следува обновата на Република Македонија!

Latest News

Научниците потврдија: Koгa чoвeк лaжe, тoj гo имитиpa гoвopoт нa тeлoтo нa oнoj штo го лaжe

Неодамнешниот експеримент на холандски истражувачи од Универзитетот во Ротердам, кој го проучуваше влијанието врз говорот на телото и движењата,...

More Articles Like This