(ФОТО+ВИДЕО) СЕ УPНА ХЕЛИКОПТЕР ВО ЦЕНТАРОТ НА МЕНХЕТЕН: Пилотот 3агинал, целата зграда е евакуирана

  • June 10, 2019

Хеликоптер се уpна на покрив на зграда во центарот на Менхетен. Само едно лице, пилотот бил во хеликоптерот, и според информациите на двајца официјални претставници тој 3агинал.

Гувернерот Ендрју М. Куомо рече дека нема индикации несpеќата да е поврзана со теpоpизам, пренесе Њујорк тајмс.

Хеликоптерот всушност удрил во покривот на зградата 787 на 7-та авенија. По несреќата дошло до пожар, а целата зграда е евакуирана. Исто така, се евакуирани и неколку околни згради.

Полицискиот оддел во Њујорк подоцна изјави дека се работи за „тешко слетување на покривот“ на зградата.

Зградата на 787 на Седмата авенија, која е близу до Бродвеј театарот и Тајмс Сквер, е 51 катниот Акса Еквитабл центар.

Тој е отворен во 1986 година, како што објави Њујорк тајмс и таму се изложени: мурали од Томас Харт Бентон прикажани во фоајето; големи ѕидни проекти од добро познати современици како Рој Лихтенштајн и Сол Левит и масивни скулптури од Бери Фланаган и Скот Бартон“.

 

Претходно «
Следно »