(Фото+Видео) Kaкo дa e poдeнa вo Македонија: Русинката Maшa пee нa мaкeдонски jaзик

Поврзано

Taжнa вecт: Пoчинa Кирил Псалтиров, дoajeн на мaкедонското глyмиштe

Денес на 08.05.2021 после долго и тешко боледување, во Скопје, почина Кирил Псалтиров доајен на македонското глумиште. Тој беше еден...

(Видео) „Oдимe нa EП“: Пoглeднeтe гo cпoтoт нa нaвивaчкaтa химнa нa нaшaтa фyдбaлcкa peпpeзeнтaциja

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објави официјалниот спот на навивачката химна „Одиме на Европско првенство!“  на нашата фудбалска...

(Видео) Ceкоja чecт: Македонија oди нa Oлимпиjaдa – oвa e Македонецот кој обeзбeди oлимпиcка визa

Македонија оди на Олимпијада во престолнината на Јапонија! Македонскиот репрезентативец Дејан Георгиевски денеска на олимписките квалификации во таеквондо се избори...
- Advertisement -

Македонската музичка сцена и тоа како има потреба од нови имиња кои ќе ја освежат и ќе создадат нешто ново и поинакво од она што сме навикнати да слушаме и гледаме веќе со години.

На македонската поп естрада постојано се појавуваат нови, млади артисти кои носат нов и модерен звук, а токму еден таков артист е младата пејачка Маша.

Ако се прашувате од каде ова специфично име, одговорот е дека Маша е Русинка која веќе неколку години живее во нашата земја.

Неодамна таа сними песна на македонски јазик со наслов „Дали ти ќе дознаеш“, на која како автор на музиката се потпишува Панче Касапски, односно текст на Огнен Неделковски, а пак аранжманот и миксот се дело на Лазар Цветковски.

„Многу сум задоволна од тоа како звучи песната. Искрена да бидам, јас не ги познавам многу луѓето кои работат музика во Македонија, но по консултација со неколку мои блиски пријатели, решив да изберам да работам со оваа екипа. Исто така не смеам да го заборавам и режисерот на спотот, Даниел Јовески, кој направи одличен видеоспот“, вели Маша.

И се разбира, прашањето кои многумина би сакале да ѝ го постават: Зошто на македонски јазик, а не на руски? Одоговрот на Маша е следен: 

„Јас тука живеам, тука се образувам, го научив одлично македонскиот јазик и немав дилеми за тоа дали да пеам на руски или на македонски“, вели накусо Маша.

За Маша ова е само почеток. Таа планира да биде многу продуктивна кога е во прашање создавањето на нова македонска музика. Дотогаш уживајте во „Дали ти ќе дознаеш“.

Latest News

Eднo лицe пoчинa вo тeшkaтa coобpaќajнa нecpeќa нa автопатот Штип-Скопје

Тешка сообраќајната несреќа се случи попладнево на автопатот Штип - Скопје, пред селото Коњари. Станува збор за превртено возило на...

More Articles Like This