(Фото+Видео) Kapтeлoт oд Mypтинo гo нaдmинa kapтeлoт Meдeлин: Bo oчитe нa cвeтoт, Пaблo e cвeтeц зa 3opaн 3aeв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија официјално стана покорумпирана земја од Колумбија според ранг листата на Транспаренси Интернешнл, агенција која што ја следи корупцијата ширум светот. Значи, Колумбија како земја со едни од најуспешните шверцери на кокаин во минатото како што бил картелот “Меделин” на чело со Пабло Ескобар, и исто така картелот “Кали” на чело со четирите “кумови”, земја каде 80 проценти од населението живее со потпросечна плата, земја која што во 21-виот век пробува да го легализира кокаинот, земја каде на времето се ликвидираа новинари, политичари, високи државни функционери не е толку корумпирана колку што е Македонија…Која е причината за тоа?

Многу жители на Меделин, раскажуваат приказни за нивни роднини или познаници поврзани или убиени од страна на картелот на Ескобар, кој доминираше во трговијата на кокаин во САД и од таа трговија се збогати со десетици милијарди долари.

Ескобар е одговорен за смртта на најмалку 5.000 луѓе, вклучувајќи го тогашниот министер за правда, еден кандидат за претседател, судија, новинари и полицајци.

Во 1989 година тој урна авион со бомба мислејќи дека во него се наоѓа друг кандидат за претседател и речиси целосно ја уништи владата преку убиства, корупција и бомбардирања со цел да ги исплаши политичарите да му се предадат.

Во многу куќи во Меделин сè уште се верува дека ги кријат парите на Ескобар во ѕидовите.

Резултатите може да ги проверите и на официјалниот сајт на Трансперенси Интернешнл.

Корупцијата во Македонија рапидно се зголемила после 2016 година

Еден интересен факт е што корупцијата во Македонија рапидно се зголемила од 2016 година, па се до ден денес, односно кога бившиот премиер на земјава, Никола Груевски беше тргнат од власт. Од тогаш, па се до ден денес корупцијата само се зголемувала со текот на годините што е причината да Македонија денес е покорумпирана од Колумбија.

Фактите не лажат. Со доаѓањето на новата власт во земјава на чело со Зоран Заев, Македонија едноставно почна да тоне длабоко во корупција.

Странски инвестиции нема

Се сеќаваме сите на снимката на која Заев бара мито од 200 илјади евра од струмички бизнисмен, но тоа не е се . Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски говорејќи на тема странски инвестиции посочи странска инвестиција чие име не сакаше да го открие, која била заинтересирана да инвестира во Струмица во периодот кога градоначалниката функција ја обавувал Зоран Заев. Компанијата не инвестирала во Струмица туку во Кочани, поради непристоен предлог кој инвеститорот го добил токму од Заев, тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е само еден од многуте примери на обиди за корумпирање во бизнис секторот. Порашениот директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони во Владата на Никола Груевски, г-дин Виктор Мизо вчера истакна дека инвеститорите кои некогаш инвестирале во Македонија сега своите инвестиции ги префрлаат во Србија поради лошите услови за водење бизнис во Македонија меѓу кои е и корупцијата.

Животните стандарди се намалија

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска објави дека платата за ноември 2020 година не ја примиле 782 вработени од 245 работодавачи кои користат финансиска помош од државата како една од владините мерка за справување со пандемијата од Ковид-19.

Злоупотреби на државната помош за исплата на плати имаше и во месеците од вториот квартал, по што кај компаниите кои не ја исплатиле платата за април, мај и јуни 2020 година, е спроведена присилна наплата за исплата на плата. Со состојба 3-ти декември 2020 година априлската плата сè уште не ја исплатиле 50 компании за 108 вработени, платата за мај не ја исплатиле 38 компании за 66 вработени, а за јуни 64 компании за 160 вработени. Вкупниот број компании кои не исплатиле за еден два или три месеци е 125 и за нив се доставени податоци во ЈО за поведување кривична постапка.

Образованието закорави

Во 2015 и 2016 година Таки Фити беше обвинет дека ја искористил службена положба за примање поткуп и злоупотреба на службената положба за земање мито од студенти, поради оваа причина тој заврши на суд, но постапката за него беше отфрлена поради наводен недостаток на докази.

Она што е интересно е како Таки Фити во рок од неколку дена го промени својот став по однос на Договорот од Преспа. Од жесток противник на промената на името и капитулацијата во преговорите со соседна Грција, тој го промени ставот и ја поддржа промената на името. Се поставува прашањето дали можеби причината за тоа беа старите кривични пријави кои можеби некој во обвинителство ги чува во фиока. Денес Фити е гласен поддржувач и на најавените „реформи“ во обраљзованието од страна на мила Царовска.

Здравството се распаѓа

Прв пат македонски политичар фатен со мито. Бившиот директор на ФЗО, Ден Дончев беше снимен и објавен како зема пари и разговара за рекетирање за фирмата „Дијамед“. За потсетување Вера Иванова, бизнисменката која го продаде „Дијамед“ на шведска фирма со се 20-годишна лиценца за дијализа, поднесе кривична пријава против министерот за здравство Венко Филипче и против директорот на Фондот за здравство Ден Дончев. Адвокатот на Иванова тврди дека ја оневозможувале продажбата на странски инвеститор со што предизвикале штета и на бизнисменката и на државата.

„Нова 24“ објави дека Зоран Милески Кичеец и’ се јавил на Вера Иванова, жртвата во аферата „Рекет 2“ за да ја уценува, дека ако не се предомисли за продажбата на нејзината фирма „Дијамед“ ќе следела истрага против неа. До ден денес немаме никакви информации до каде е постапката за случајот со рекетот на Ден Дончев.

Сменија име на СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА

Муковски, човекот кој ги отвори вратите од Собранието во организираниот напад на 27-ми април беше пуштен од притвор дента кога требаше да се гласааат уставните измени иако Вилма Русковска го посочи како директен виновник за настаните на 27 април бидејќи ако тој не ги отвореше вратите ништо немаше да се случи во Собранието.

На 16-ти октомври, Кривичниот суд и скопската апелација ги ослободија со парична гаранција од 300.000 и 400.000 евра и колегите пратеници на Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, кои исто така беа меѓу 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за време на организираниот напад во Собранието.

 На видеоснимките кои се предложени како доказ во постапката, јавноста виде дека тие ги отвораат собраниските врати за да влезе толпата предводена од граѓаните. Сведоци сведочеа дека ако не биле отворени одвнатре тешките собраниски врати на кои имало ставено заштитни железни греди, нема начин толпа да ги пробие и да влезе внатре.

Мукоски и неколкумината негови колеги кои беа во притвор за 27 април беа луѓето кои му овозможија на Заев двотретинско мнозинство за промена на Уставот со цел промена на името на државата. Откако тие кренаа рака за Северна беа амнестирани од Собранието за нивните дејствија на 27 април. Ако ова не е корупција, тогаш не знам што е?

Судството не знае кај тера

Осудениот во предметот „Рекет“, Бојан Јовановски откако беше осуден на 9 години затвор за две кривични дела побара збор од судијката во процесот, Васка Николовска Масевска каде посочи каде треба да се бараат парите кои биле сместени во „Луј витон“ чантата, како што изјави Боки-13, рекетираните пари завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

Она што е сомнително што обвинителството по оваа скандалозна изјава на 13-ка не поведе никаква истрага за премиерот и неговиот брат.

Парите од рекетот во Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви!!!

Парите од рекетот во Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви!!!

Posted by Рекет.мк on Thursday, June 18, 2020

Имајќи го сето ова во предвид ни чудо што Пабло Ескобар изгледа како светец за нашиот Северен Заев.

Пишува Н. П-А.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This