Фотографија која ќе ви го скрши срцето – прва средба на дедо и внуче… На прозорец

  • March 24, 2020
  • Коментари

Фотографијата од еден дедо во Ирска кој првпат го запознава своето новородено внуче преку прозорец поради коронавирусот го растажи целиот свет.

Новопечениот татко Мајкл Галакор сакал своето синче да го запознае со неговиот дедо, но поради коронавирусот средбата морала да се реализира на малку поразличен начин.

Емотивната сцена ја забележала сестрата на Мајкл, Ема и фотографијата ја споделила на социјалната мрежа Твитер.

Фотографијата предизвикала многу реакции ширум светот, а им се допаднала на над 700.000 луѓе, а ја споделиле околу 90 илјади луѓе.

„Три генерации на социјално дистанцирање додека мојот татко го запознава својот внук првпат“ – напишала Ема покрај споделената фотографија.

Претходно «