(Фото)ПАТУВАЊЕ СО СТИЛ: Со што се вози Владимир Путин – од автомобили и хеликоптери до подморници!

  • June 11, 2016

Рускиот претседател Владимир Путин има исклучително густ распоред, но неговото патување не го попречува сообраќајот во престолнината, ниту им прави проблеми на возачите, бидејќи Путин има сопствен начин на превоз

Putin_pretsedatelski_avion

putin_helikopter

Putin_mercedes

putin_kola

Поради тоа неколку идентични возила минуваат едно по друго, за никој да не може да ги разликува. Додатните возила потребни се за превоз на припадниците на безбедносните сили. Оваа традиција е на сила од времето на Јосиф Сталин. За време на патувањата во странство многу зависи од тоа како земјата домаќин е спремна да ја прими делегацијата.

Новиот претседателски мандат значи нов автомобил

На крајот на 2017 година во претседателската гаража ќе се најде нов автомобил од проектот „Кортеж“. Тоа значи дека јавноста, најверојатно ќе ги види најновите возила во следната претседателска инагурација.

Проектот „Кортеж“ се работи по налог на владата од 2013 година. На основа на единствена платформа, која е развиена од Московскиот институт за научни истражувања на автомобили и мотори, а планирано е да се започне со производство на лимузини и седани, теренци и минивани.

Според планот, богатиот купец ќе може да купи автомобили какви што користи и претседателот иако тој ќе има помалку безбедносни функции.

Се предвидува дека до 2020 „Кортеж“ ќе произведе четири – пет илијади автомобили. Во буџетот за 2015 година за овој проект се издвоени 48.3 милиони евра, а уште 49.65 милиони додатно за 2016 година.

Во воздух и под вода

Во руската флота се наоѓаат авиони ИЛ-96-300 и ТУ-214. „Сухој суперџет 100“ наскоро треба да се придружи во оваа флота. Групата исто така има летачка контролна точка – овој авион е опремен со специјален систем за врски кои му овозможуваат на претседателот да преговара и управува со нукл еарните сили на Русија во шифриран режим.

Сите овие авиони полетуваат од владиниот аеродром „Внуково 2“.

Главниот претседателски авиони е прилично модификувана верзија од патничкиот авион ИЛ-96. За време на летот претседателот на Русија може да контактира со било која агенција, институција и да води меѓународни разговори и конференциски повици.

Владимир Путин не се движи само во воздух, туку и под вода. Претседателот има две јахти, три прода, седум чамци и еден катамаран. Необичните превозни средства му ги овозможуваат и други организации.Putin_podmornica

Како на пример, батискафот во кој Путин го набљудуваше потопениот византијски брод на дното на Црното Море припаѓа на Руското географско друштво.

Претходно «
Следно »