September 27, 2020, 11:57 am

(Фото)СТАДО ОВЦИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Урбан парк во центарот на Скопје како паша за стадо овци

Поврзано

Урбаните моторџии петта година ќе возат низ скопските улици во чест на машкото здравје

Урбаните моторџии облечени во елегантни костими и со своите уникатни мотори денеска петта година по ред ќе возат низ...

Битолчанец кој престојува во Нов Зеланд бара помош од Министерството за Надворешни работи на Македонија

Битолчанец кој престојува во Нов Зеланд бара помош од Министерството за Надворешни работи на Македонија

Активни случаи во Скопје: Состојба по општини

Активни случаи по општини Скопје денеска • Чаир – 62 • Гази Баба – 80 • Аеродром – 97 • Карпош...
- Advertisement -

Шокирачки фотографии добивме од еден читател за состојбата на Урбан Парк во општина Центар. Имено на фотографиите се гледа стадо овци како пасе во зелената површина, а надлежните служби на општина Центар никаде ги нема.

„Урбан парк” се наоѓа на улица „Јордан Мијалков”, спроти Геолошкиот завод и е на оддалеченост од стотина метри од плоштадот. Тој е целосно уништен, а сега гледаме дека е претворен и во место за пасење на овци.

Веќе една година наназад овој парк се уништува, скршена е целата урбана опрема, детското игралиште е во катастрофална состојба, местото е претворено во депонија, а сега најново се користи и за чување на стока.

Граѓаните се револтирани бидејќи им е уништен најблискиот парк во кој порано ги носеа и своите деца, а градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ кој во предизборието ветуваше многу за зелените простори и парковите го нема да мрдне со мал прст.

Еве што ветуваше Богдановиќ за Урбан Парк во кампањата:

– Како конкретна мерка во поглед на зазеленувањето на слободните површини ќе се изврши и целосно реновирање на Урбан парк, кој беше целосно запуштен поради недоволно посветената грижа. За заштита на стеблата на дрвјата ќе се постават и решетки од силни конструкции и со различен дизајн. Како дел од грижата за најмладите, а во однос на нивните активности за рекреација, ќе бидат изградени комплетно нови детски игралишта таму каде што постои простор, а постојните ќе бидат обновени и дополнети со нови елементи. Опремата што ќе биде поставена на овие детски игралишта ќе соодветствува на различни возрасти, а ќе биде изработена според најсовремени безбедносни стандарди. Сите дворови на јавните објекти ќе бидат зазелените со одржливо решение, особено оние каде што доаѓаат најмладите.

Урбан парк наместо реновирање и комплетно нови детски игралишта доби овци и куп ѓубре. Просторот на паркот е населен од бездомници иако општината најавуваше уште пред месец и половина дека ќе ги дислоцира, се уште ништо не е направено, туку напротив, освен бездомниците граѓаните на Центар добија и овци.

– Не сакавме во зима да пристапиме кон отстранување на овие монтажни, картонски живеалишта, но наскоро ќе почнеме, бидејќи имаме многу поплаки од жителите. Се разбира, во соработка со другите институции ќе им најдеме живеалиште на овие лица, рече Богдановиќ пред месец и половина, ама ефект нема никаков.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

ВО ЖИВО: Заев ќе ги презентира новите антикризни мерки

Најнова информација: Прес конференцијата е поместена за 13.15 часот Следете ја во живо прес конференцијата на која ќе бидат објавени...

Заев се откажа од Гоце: Можеме да ги надминеме спорните прашања од минатото, Гоце Делчев не може да не двои

Низ отворен процес на соработка покажавме дека можеме да ги надминеме спорните прашања од минатото и да се сплотиме околу она што е...

Трамп сподели детали за средбата помеѓу Вучиќ и Хоти – многу се гушкале кога потпишале

Американскиот претседател Доналд Трамп на предизборниот собир во Мидлтаун во Пенсилванија повторно се осврна на договорот помеѓу Белград и Приштина и го оцени како...

Мицкоски закажа прес-конференција во 14 часот во партиското седиште

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во 14 часот ќе се обрати на прес-конференција во партиското седиште.

Автомобил излета кај Врбјани

Синоќа во 22.35 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с. Врбјани, 52-годишно лице од с.Грешница, управувајќи патничко возило „Цитроен Пикасо“, со скопски регистарски ознаки,...

More Articles Like This