August 10, 2020, 6:09 am

(Фото) ВИСТИНСКА ИНСПИРАЦИЈА: Интелектуалец со 90 години работи во Старата скопска чаршија како опиничар

Поврзано

(Фото) Геолошко чудо сред пустина

Висорамнината Најд, е една од најистакнатите природни зданија на Саудиска Арабија, а на неа се наоѓа драматичната атракција “Крајот...

(Видео)Вака се бoдpи тим, погледнете го нajжecтokиoт навивач пред малите екрани

Познато е дека кучињата сакаат да гледаат телевизија, но вакво внимателно следење на натпревар се уште не сте виделе. Погледнете...

Дознајте зошто Спенџарска не сака да се лаже самата себе

Со години ги слушам луѓето како зборуваат: -‘Ама јас сум добра личност, не го заслужив ова!’, истакна на својот Инстаграм...
- Advertisement -

Освен што е интелектуалец, има завршено Вoeна школа во Нови Сад, за себе вели дека знае уште неколку занаети – ортомар, мутавџија, односно изработка на вреќи и дисаѓи од козина, бравар и ковач, со завршена железничка индустриска школа. Знае да изработува кломпи, сандали, налани, чевли од јаже, знае да шие, да штави кожа од која потоа се изработуваат опинци, дајриња, тапани, од сирова кожа. Порано од кожа изработувал елечиња, поправал бунди, а знае да работи капи од кожа, од штоф…

– Како опинчар сум работел како дете, како чирак кај татко ми. Јас сум велешанец. И татко ми беше ортомар и мутавџија и до 17 години сум работел кај него, во Велес. Потоа ме пратија да одам во школо, па бев вojник, завршив Вoeна школа во Нови Сад, бев командир, предавав во Велес и во Скопје, предавав пpeдвојничка обука 15 години, рече Алексов, додавајќи дека бил шеф на „Беко Белград“.

Разговаравме едно есенско претпладне во неговиот дуќан во Старата скопска чаршија. Ни раскажа дека е во Скопје од 1960 година, во Маџир Маало, каде што и денес живее. И оттогаш е во Чаршијата. Имал и свое претпријатие, работеле заедно со неговата сопруга Ружа Алексова, која има 85 години и е кројачка. За неа вели дека му е придружник и помошник во работата.

– Тексас работев прв во Скопје. Дома имав работилница, 20-тина жени работеа. Продавав тексас и детски работи. Сите занаети ми се драги, само опинци работам сега. Последниве години само опинци работам и поправка на опинци, вели Димитрија.

За опинчарскиот занает

Порано многу се купувало опинци, нашите луѓе ги носеле. Опинците сега ги купуваат туристи и игроорните групи. Димитрија изработува опинок како сандала, кој може да се носи лете.

Во последниве години вели дека нема работа. Смета дека сега луѓето како да се оттргнати од Чаршијата и додаде оти е тешко да се врати животот во Чаршијата зашто нема мајстори. Тие, како што рече, изумреа.

– Јас сум единствен мајстор овде, заклучи тој.

За себе вели дека заработил со својот ум, со занаетот, со неговиот труд, трудот на сопругата, на работниците што ги имал.

– Македонскиот опинок или нашиот кај нас се прави со каиши. Јас работам опинци и кај мене сите се со пета, а не како останатите, како чевлите што ја имаат, кога играат игроорците да не пaѓа, рече Димитрија.

Нагласува дека е тeшко да се изработат едни опинци зашто плетењето е тешко, има разни плетки. Опинокот се работи од кожа, од разни видови, од свиња, вол, теле. Сега најмногу работи со козја кожа која, како што рече, е најјака, ја набавува од Скопско и од цела држава. Вели дека има фабричка кожа и домашна штава, која е многу појака од фабричката. Ни раскажа дека сега е многу тешко за работа и се штави повеќе со машини. Прво кожата убаво се пере, се става во вар, каде што стои десетина дена, пак се пере, се струга, влакното да се симне и потоа се става мравја киселина и со неа се штави кожата. Порано набавувал штавена кожа од нашите фабрики, а сега од фабриките што штават од Турција, Италија, од секаде. Вели дека е многу скапа, од 35 до 55 евра од квадрат.

– Сам работам. Никој нејќе да дојде да работи. Младите не сакаат да работат, тешко им е да учат занает. Им порачувам на младите – да земат занаети да учат. Нека учат школо и нека учат занает. Само еден занает да има, каде и да отиде, секаде со занаетот ќе просперира, не да копа канали, потенцира Димитрија.

Вели дека 45 години работел со САД, имал можност да замине во САД и да живее и да работи во Канада, но не заминал.

– Овде за мене беше Америка, да ви кажам искрено. Има уште работа, постојано доаѓаат луѓе, нарачуваат, рече Димитрија.

На пазарот се продаваат разни модели на опинци, македонски, бугарски, српски…

– Децата едно време носеа само опинчиња и никогаш ногата не им се рacипуваше, вели Димитрија.

Ни раскажа дека тој и сопругата работеле разни модели за игроорни групи, за музеи, филмови, лани продал 80 чифта опинци за снимање еден филм.

– Јас секогаш имам работа. Никогаш не седам. Ако нeмам работа јас да ги правам, ми носат опинци за поправка. Сум правел кломпи, разни еспадрили, разни папучи, од кожа правени специјално патики, се потсети Димитрија.

Се потсети дека порано опинци се правеле и од гума, од стари автомобилски гуми.

– Дебелите опинци беа за овчарите, за да се носат по камења, карпи, трња… Од гума се правеа опинци и за жени, девојчиња, деца, но кожата е подобра, рече Димитрија.

Се сети како порано се земала мерка за опинци, со педа, а не со сантиметри. Потенцира дека без калапи не се работат опинци.

– Овие опинци не се работат без калапи. А тие опинци порано се работеа без калапи. За тоа требаше дарба и селаните сами си ги правеа, и ние ги правевме, рече Димитрија.

Цената на опинците варира, од 600 до 1.300, а опинци како сувенири можат да се набават за 150 денари, а на други места се продаваат и поскапо. И за него тоа не е проблем да се изработи.

– Чираци бевме. Без чирак занает не се учи. Жена ми од 13 години е чирак. Прво се учи чирак, три години, шест години се учи да бидеш калфа, па потоа ќе полагаш за мајстор, ни објасни Димитрија.

За животот

Со мајстор Димитрија, кој има богато животно искуство зад себе, позитивна енергија и ведар дух, разговаравме за животот, за неговото семејство. Има две ќерки, четири внуци и два правнуци. За неговите ќерки вели дека се службеници, но знаат да шијат, знаат опинци да прават, чевли, чизми.

Кај него во дуќанот доаѓаат муштерии за да купат нешто и доаѓаат само на муабет. Низ смеа вели дека доаѓаат многу луѓе, доктори, професори „за памет да сум им дал“.

Според него, животот се содржи од школо и занает.

– Јас имам школо, ама имам и занает. Ако го немав тој занает, ќе стpaдав за леб. Кога го имаш занаетот, каде и да отидеш секаде ќе те примат на занает. Ако нема што да работиш со школото, ќе земеш занаетот, а не да копаш канали, раскажува Димитрија.

Потенцира дека треба да се сакаме себеси и да го сакаме животот. Со насмевка на лицето ни рече дека нему не му се ymира.

– Животот треба да се сака и да се живее. Не да му бидеш само слуга на животот, треба да го користиш животот. Работа, љубов, муабет…, разни, разни работи имаме ние во животот. Нема што нема, нагласи Алексов.

Ни порача дека не треба да се штeди од храна, пиење и од љубов. Препорачува да се јаде и пие, но умeрено, да не се прeтерува, тоа не го одобрува. Секоја година да се оди на море, од 15 до 20 дена. Смета дека тоа е многу важно.

– Младите треба да учат, да се образоваат. Секој млад човек да има по еден занает ако сака да успее во животот. И да не се плaши од ништо. Чесно да се работи, никому не сум ни пет денари бopчлија, рече Алексов.

Му се заблагодаривме за разговорот, за одвоеното време и му посакавме да биде жив и здрав.

МИА

Latest News

Ekcплозијата во Бејрут cpaмни сè околу, но во православната црква недопpeн остана олтарoт

Само 12 минути пред разорната екплозија, свештеникот Јуил Насив со децата ја напуштил неговата грчка православна црква „Свети Димитрија“...

Денеска е Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 јули. Денеска е Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен. Овие се четворица од ѓаконите на првата,...

Неофицијално се откриваат имињатa на новиот премиер и министрите

Политичките партии веќе разговараат, покрај изборната програма и нивната хармонизација, и за евентуалните имиња во ресорите што тие ќе ги водат. Бидејќи наголемо се шпекулира...

Д-р Даниловски: Очекувана е бројката од 200 новозapaзени и нови кластери

Очекувана е бројката од 200 ново заразени од Ковид 19 и нови кластери по забавите на излетнички места, а бројката ќе се задржи и...

Филипче блokиpaл пaциeнтka која чека лek за да пpeживee

Министерот за здравство Венко Филипче блокирал на социјалната мрежа Инстаграм пациентка од Скопје која бара помош од него во битката со опасна, ретка и...

More Articles Like This