ФОТО: Девизи, автоделови, облека, фалсификати зaплeни Царината

  • October 15, 2019
  • Коментари

Во текот на минатите две недели, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани девизи, автоделови, облека, кујнски ножеви и фалсификати. Привремено се задржани 4.000 евра и 6.000 швајцарски франци, откриени во два одвоени случаи, при личен претрес на четири патници на граничниот премин Богородица. Во двата случаи, за сторените прекршоци се поднесени барања за поведување прекршочни постапки.

Турски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул носел 106 кујнски ножеви, со вредност од околу 470 илјади денари. Откриени се на Интернационалниот аеродром Скопје, при рентгенска контрола на куферот Непријавените ножеви се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

На Табановце откриени се 15 парчиња делови за патнички возила и моторцикли (вилушки, стабилизатор и гумени делови за Алфа Ромео и издувни системи за моторцикли YASUNI и POLINI). Во камион за влез во државата на граничниот премин Ново Село пронајдени се 8 употребувани алуминиумски бандажи со гуми.

57 парчиња женска облека (јакни, палта, блузи и џемпери), откриени при контрола на македонски автомобил, со кој за влез во државата на граничниот премин Богородица, се пријавиле четворица македонски државјани. 54 пара тренерки, откриени при контрола на македонски автобус пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените производи, пронајдени во тоалетот на автобусот, се привремено задржани, а против совозачот кој се пријавил како сопственик, е поведена прекршочна постапка.

Привремено се задржани и 60 плишани играчки за кои постои сомневање дека е стока која повредува права од интелектуална сопственост

Претходно «
Следно »